Поради течење на токсичен гас во Пакистан умреле девет лица

Поради течење на токсичен гас во Карачи, Пакистан  умреле девет лица а стотина се разболеле, соопшти денес полицијата.

Нови четири смртни случаи со кои бројот на умрени се зголеми на девет предизвика паника во Карачи и загриженост дека ситуацијата е надвор од контрола на градските власти кои не успеале да го идентификуваат изворот на течење, ниту видот на гасот, иако службениците ги отфрлиле сомнежите за саботажа.

Стотина луѓе се разболеле од неделата навечер кога населбата Камари на брегот, прв пат беше зафатена со гас без мирис кој предизвикува сериозни проблеми со дишењето а луѓето одеднаш почнале да се јавуваат во локални болници.

Властите соопштиле дека имале намера до денес вечер да ги евакуираат жителите на Камари бидејќи е најблиску до главното пристаниште во Карачи.

Шефот на локалната полиција Адил Малик рекол дека околу 150 луѓе се јавиле во болница до понеделник со исти симптоми а од утрото кога се пријавени пет смртни случаи, до вечерта тој број е зголемен на девет.

Од болницата е соопштено дека повеќе од 650 лица добиле помош, а сите разболени се жители на Камари. Немало пријавено случаи на труење во самото пристаниште.

Од пристаништето во Карачи тврдат дека немало никакво течење на гас од нивните простории.

Карачи е најголем град во Пакистан и трговски центар на таа земја. Во близина има рафинерија за нафта а таму е исто така сместен и главниот објект на пакистанската воена морнарица.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер