Поради неонацизам, во Франкфурт е распуштено одделението на специјалната полиција

Специјалната полициска единица (СЕК) при полициското одделение во Франкфурт е денеска распуштена, откако било откриено дека припадниците на оваа единица се активни на онлајн платформите, каде што се собираат членови на екстремната десница.

„Не можеме да продолжиме како ништо да не се случило“, рече министерот за внатрешни работи на Хесен, Питер Беут (Христијанско-демократската унија ,ЦДУ), објаснувајќи ја одлуката за распуштање.

Тој најави темелна организациска реформа на специјалното одделение на полицијата во Франкфурт. „Однесувањето на полициските службеници под истрагата, како и толеранцијата на претпоставените е неприфатливо“, рече Беут.

Според него, никој од оние кои се под истрага повеќе нема да работи за специјалната полиција и во зависност од тежината на докажаното кривично дело, за полицијата воопшто.

Провинцискиот министер за полиција рече дека „потполно нов дух“ мора да владее во Франкфурт на пониските и средните хиерархиски нивоа на полицијата.

„Се разбира, ни требаат специјални единици и во иднина, но тие треба да бидат формирани во нова рамка“, рече Беут.

Државното обвинителство на Франкфурт и Канцеларијата на покраината за борба против криминалот во Визбаден вчера започнале истрага против 19 активни полицајци и еден поранешен во Франкфурт за активно учество во мрежни групи преку кои се шири неонацистичка содржина и национална омраза .

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер