Поради долг кон превозникот, 200 деца не можеа да посетуваат настава

Секое утро изминативе две недели станува рано и прашува дали ќе оди на училиште но за првачето Реџо Дражанин од Батинци никако да започне школската година. 

Утрово татко го му го зема со него во надеж дека ќе му почне и него како и на сите деца школството но наместо со мерак да оди во училница тој само се приклучи на групата од родители кои стоеја пред вратата на основното училиште Тефејуз во општина Чаир каде како за малиот Реџо така и за останатите 200 ученици 16 дена не може да почне годината и воопшто не одат на настава.

Проблемот е што ова е единствено училиште во Скопје каде има паралелки на турски јазик и децата од Батинци, Студеничани, Цветово и Елово останале без превозниот кој престанал да ги вози децата заради неисплатени пари за превоз.

Според информациите на родителите превозникот престанал да ги вози децата заради неисплатени долгови за околу 2 години.

Од министерството за образование и наука децидни дека тие пари префрлаат редовно за сите општини за превоз на ученици.

Став побаравме и од општина Чаир од каде ни рекао дека денеска е постигнат договор со превозникот и од утре децата ќе имаат превоз и почнуваат со настава.

Општината ќе го преземе целокупниот заостанат долг кој според нив е создаден заради блок дотациите од министерството кои средства се мали и не ги покриваат трошоците. Овој договор меѓу општината и превозникот ќе значи дека првачето Реџо од утре конечно ќе го види својот прв училишен ден.

Масовна тепачка во бар на Миконос, има мртви

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во масовна тепачка што се случила вчера вечер во кафеана на Миконос.

Според грчките медиуми, се судрила група од околу 25 Пакистанци, а потоа во еден момент почнале да фрлаат и ножеви.

Еден од учесниците во тепачката е избоден до смрт, додека другиот се здобил со повреди опасни по живот.

Полицијата врши увид.

Засега не е познато зошто дошло до конфликтот.

На 8 јуни ИПА-Охрид по осми пат ја организира велосипедската тура Охрид - Струга - Радожда

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), регион Охрид, на 8 јуни  ќе ја реализира рекреативната велосипедска тура Охрид – Струга - Радожда. 

Возењето се спроведува во рамки на Кампањата „На точат, Охрид и Струга да видам“ на ИПА, со што по осум пат се афирмира идејата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града Охрид и Струга со современо уредена, безбедна и функционална велосипедска патека.

„Со оваа вело возење, сакаме да ги поттикнеме двата крајезерски града- идеални места за велосипедизам, конечно и сериозно да пристапат кон проект за меѓусебно велосипедско поврзување и изградба на вело патека означена со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација. Охрид и Струга како атрактивни туристички центри во Македонија, треба многу повеќе да направат за ширење на мрежата на велосипедски патеки што силно ќе ги подигне на балканските и светските вело туристички мапи, ќе се збогати туристичката понуда, ќе се привлечат многу повеќе туристи што ќе е огромен бенефит за охриѓани, стружани, за хотелско-туристичките работници, за рент а бајк агенциите и секако, за туристите од Македонија и светот“, вели претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски.

ИПА-вело турата Охрид – Струга – Радожда станува се поатрактивна за вљубениците во велосипедизмот од Македонија, а од лани со учество на преставници на странски ИПА-региони настанот доби меѓународен карактер.

„Во време кога државите градат велосипедски автопати, крајно време е и во охридско-струшкиот регион да имаме безбедни вело-патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите, ставајќи се во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на нашите небезбедни патишта, на кои нема ни трага ни глас од современи вело патеки“, додава Димоски.

Инаку, проектот за велоспедско поврзување на Охрид и Струга датира од 2016 година од тогашниот Општински совет за безбедност во сообраќајот, кога е иницирана и идејата за вело патека Охрид – Св.Стефан – Пештани.

ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна  жена во стрмен засек покрај пат.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК.

По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.

-Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако паднато возрасно женско лице немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, наведува ЦУК во соопштение.

Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1 951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.

притисни ентер