Поповиќ: „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет препознатлив и надвор од нашите граници

Охридско лето запиша уште едно успешно фестивалско издание во богатата фестивалска историја, изјави денеска на завршната прес-конференција од годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ , директорката Наташа Поповиќ.

Како што рече Поповиќ, на фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма.

-Огромен беше бројот на оние кои бараа резервација за свеченото отворање што за нас е доказ дека „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет што го препознаваат и надвор од нашите граници. Антички беше претесен да ја собере неколку илјадната публика која беше воодушевена од спектакуларниот настап на светки славната Ванеса Меј.Четириесет и седумте настани кои се одржаа на неколкуте сцени, Антички театар, црква Света Софија, Предворјето на црквата Света Софија, Долни Сарај, во Центарот за култура, беа исполнети до последното место. За дел од настаните се бараше и карта повеќе. И вечерашната претстава, со која ќе ја спуштиме завесата на ова 59-то издание, е веќе распродадена, додаде Поповиќ.

Осврнувајќи се на концептот на фестивалот кој е традиционален, со класична музика и театар, директорката потсети дека во рамките на дополнителната програма годинава беа воведени содржини кои беа привлечни и атрактивни за пошироката публика.

-Како новини кои ги воведовме беа Подиумот на млади што се одржа пред официјалниот почеток на фестивалот со што дадовме шанса нашите музички таленти да ја почуствуваат магијата на овој голем фестивал, рециталот како нова уметност во програмата, како и настани што се одржаа надвор од фестивалската рамка во текот на целата година. Тоа се покажа како успешен проект и верувам дека во годините кои следат ќе прерасне во една убава традиција, рече директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ која потсети дека под мотото „Звукот и бојата на езерото“, фестивалот годинава како новина воведе и туристички водич со што бројни уметници имаа прилика, покрај својот настап, да се запознаат со убавините и историјата на градот. Со тоа, според неа, „Охридско лето“ се потврди како најдобар презентер на македонската култура и развојот на културниот туризам.

Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов на последниот фестивалски ден истакна дека и годинава се реализира уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, и како што рече, достојно за паметење.

-На врвните и маестрални изведби на брилијантните уметници, многубројната фестивалска публика им возвраќаше со долги стоечки овации на што уметниците се оддолжуваа со по три или четири биса. Задоволни беа и изведувачите, гости на фестивалот, кои упатија голем број пофалби до фестивалот за прекрасната организација на сите учесници за реализација на фестивалот, гостопримството, топлата и внимателна публика, како и неповторливата акустика на сценските простори,посебно во црквата Св.Софија. Тие постојано ја искажуваа својата почестеност што се дел од ова фестивалско издание фестивал кој е еден од најзначајните европски фестивали, со голема традиција и одличен рејтинг.Воодушевени и од убавините на Охрид, уметниците изразија желба повторно да се вратат и да бидат дел од оваа манифестација, рече селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов.

Драмската програма на 59-тото фестивалско издание исто тaка понуди квалитетни театарски претстави со исклучително добри театарски куќи кои внесоа свежина на фестивалот и оставија силен печат врз публиката. Веднаш по завршувањето на ова, ќе започнаат подготовките за следното фестивалско издание, најави селекторот на драмската програма на „Охридско лето“, Александар Поповски.

-„Охридско лето“ е врвот кога станува збор за културните манифестации во нашата земја. И она што не’ чека догодина се 60 години и навистина една преубава можност да започнеме нов круг и нова приказна со „Охридско лето“, рече Поповски.

На завршната прес-конференција, директорката и програмските селектори најавија дека следната година, по повод јубилејот на шеесеттото издание, „Охридско лето“ ќе биде збогатен со нови содржини кои ќе ги потврдат и продолжат високите позиции што ги има оваа најголема музичко-сценска манифестација во Република Северна Македонија која е дел од Европската асоцијација на фестивали.

-Охридско лето следната година слави голем јубилеј, 60 години од неговото постоење. Тоа за нас е голема чест но и обврска да одбележиме достојно како што заслужува оваа наша најголема музичко-сценска манифестација која се одржува под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија. Подготовките веќе се започнати и можам само да најавам врвни уметници и беспрекорна организација. Изразувам голема благодарност, пред се’ до Владата на Република Македонија и ресорното Министерството за култура без чија поддршка не може да се замисли успешната реализација на фестивалот, до Општина Охрид и општинските јавни претпријатија за нивната ангажираност и одличната соработка која ја имавме во изминатиот период, до нашиот генерален спонзор Македонски телеком, останатите спонзори и помагатели, пријатели на фестивалот. Благодарност и до медиумите кои придонесувате „Охридско лето“ да биде нашиот најголем бренд по кој не препознаваат и по кој не вреднуваат и надвор од државата, рече директорката на оваа национална установа Наташа Поповиќ.

Завесата на годинешното фестивалско изание ќе биде спуштена вечерва на Античкиот театар со театарската претстава „Одисеј“ од Горан Стефановски и во режија на Александар Поповски. Се работи за копродукциски проект на театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и Театар „Навигатор“ од Скопје.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер