Попова до Шилегов: Доста позираш, кривично треба да одговараш што го труеш Скопје со дивата депонија Вардариште

Додека цело Скопје се справува со заразна пандемија, Шилегов го труе градот со смет, кој градот го фрла на дивата депонија зад мене.

Овде смет оставаат возилата на градската комунална хигиена.

Значи наместо да се грижи за сметот, градот Скопје прави смет.

Фотографиите кои ги објавивме во текот на вчерашниот ден, а и во секојдневието, покажуваат дека оваа дива депонија е преполна со луѓе кои собираат железо и друг отпаден материјал, а и присуство на мали дечиња, што преставува потресна глетка и тажна реалност за градот Скопје.

Шилегов создава еколошка бомба со фрлањето смет на дивата депонија со која го загрозува здравјето на илјадници Скопјани.

Поважен му е пи-арот од решавањето на проблемите.

Шилегов сака да се молчи за овој проблем и вистинските проблеми ги става под тепих.

Но тој е должен да одговори како дозволил возила на комунална хигиена да оставаат смет сред Скопје на дива депонија.

Наместо да чисти депонии, Шилегов создава депонии.

Наместо враќање на сјајот на Скопје, Шилегов ги враќа депониите.

Има ли Инспекторат за заштита на животната средина во оваа држава?

Го повикуваме и заспаното Министерство за животна средина да реагира.

Надлежните институции кривично да го гонат градот Скопје кој создава дива депонија и ги труе Скопјани.

Наместо асфалт, Шилегов на Скопјани им испорачува тони отпад.

Наместо за време на полицискиот час да го собере ѓубрето, Шилегов создава дива депонија на Вардариште.

Наместо секојдневно фотографирање и позирање, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да нареди запирање и чистење на оваа еколошка бомба која тој самиот ја создаде.

СКОПЈЕ СЕ ДАВИ И ТОНЕ ВО СМЕТ.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер