Попладнево протестен марш за чист воздух во Скопје

Сакаме да дишеме, сакаме воздух..

Со протестен марш „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи попладнево го изразија своето незадоволство од загадувањето на воздухот..

Маршот почна пред Собранието и заврши пред зградата на Владата.. Причините за одржување на протестот, како што велат од „Зелен хуман град“, се смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво.. Секоја година во Македонија се бележат околу 3 828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм 2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од „Зелен хуман град“.. Протестот пред Владата заврши пред малку.. Маја Стојановска го следеше... Маја, какви пораки испратија екоактивистите и граѓаните..

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години

Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до 10 години во врска со нападите врз воени објекти по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан во 2023 година, соопшти денеска канцеларијата за медиуми на пакистанската армија.

Од истите причини пред неколку дена беа изречени затворски казни за група од 25 цивили.

Апсењето на Кан во мај минатата година предизвика протести низ целата земја, при што неговите приврзаници напаѓаа и ограбуваа воени објекти.

Трамп најавува крај на „трансродовиот делириум“

Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило.

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре, како што рече, трансродовиот делириум во САД.

Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, тој рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои ќе се ставело крај на како што го дефинираше, сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучеле трансродовите лица од војската и училиштата.

-Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило. И ќе потпишам извршни наредби да се стави крај на сексуалното осакатување на децата. Да го тргнеме трансродовото надвор од војската и надвор од нашите основни и средни училишта.И ќе ги држиме мажите надвор од женските спортови. Тоа исто така ќе биде направено на првиот ден, рече новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп во обраќањето.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Нема веќе како до сега, правдата доаѓа.

На СДС изгледа уште не им е јасно дека лагите и клеветите веќе не проаѓаат како до сега, правдата доаѓа.

По нивните клевети за Бојан Христовски, директор на АНБ, ДКСК излезе со став дека нема основа за постапување против директорот, Христовски.

Освен лаги и измами, СДС не знае што друго да понуди на народот. Затоа се партија на дното, на анкетите и имаат рејтинг еквивалентен на статистичка грешка. ВМРО-ДПМНЕ има пет пати повисок рејтинг од нив, а Мицкоски има седум пати поголема доверба кај граѓаните во однос на Филипче.

Времето на криминалниот тандем СДС и ДУИ, која работеше на штета на граѓаните е минато. Матните тендери, игрите на среќа, скандалите во РЕК Битола и многу други се веќе под лупа на правниот систем.

Македонија се трансформира!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер