Помпео: САД го депонираа протоколот за НАТО, ја чекаме Македонија као 30. членка

САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО. 

Тоа го објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.

„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Македонија како 30-ти сојузник на НАТО", објави шефот на американската дипломатија.

Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава.

Од полноправното членство во НАТО, Македонија ја дели само една ратификација, со оглед дека за десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.

Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер