Лоти Мос на забавата се појави во црно трико , преку кое носеше проѕирен фустан.
Прекрасната Лоти сите присутни ги привлече со голиот задник, но и со деколтето кое неодамна призна дека е дотерано со естетска хирургија.
„Ги направив градите и многу сум среќна. Мора да го потрошите на себе и треба да се почестите. Ова за мене беше една од оние мали задоволства што жените сакаат да си ги дозволат“, рече Лоти по операцијата.
Таа додаде дека ставила филери во усните, но дека „малку се кае за тоа“, пишува „Дејли меил“.