Полските власти тврдат дека имало исламски екстремистички содржини во мобилните на мигрантите

Министерот за внатрешни работи на Полска рече дека материјал поврзан со исламски екстремизам е пронајден во мобилните телефони на мигрантите кои влегуваат во земјата од Белорусија и повика на продолжување на вонредната состојба на границата за 60 дена

Полска на почетокот на септември прогласи вонредна состојба на границата со Белорусија поради големиот прилив на мигранти од соседната земја.

Варшава и Брисел го обвинуваат белорускиот лидер Александар Лукашенко дека ги користи мигрантите како средство за притисок за укинување на европските санкции кон Белорусија поради кршење на човековите права.

Групите за човекови права, пак, ја критикуваат полската националистичка влада за односот кон мигрантите.

Пет мигранти загинале на границата од почетокот на кризата.

„Ситуацијата е крајно напната ... Ќе поднесам барање до Советот на министри за продолжување на вонредната состојба за 60 дена“, рече министерот за внатрешни работи Мариуш Камински на прес -конференција.

На конференцијата, полските власти ги доставија пораките и фотографиите поврзани со исламски екстремизам, за кои тие тврдат дека се пронајдени во мобилните телефони на некои мигранти.

Полската опозиција и групите за човекови права ја обвинија претходно владејачката десничарска националистичка партија Закон и правда (ПиС) за поттикнување предрасуди кон мигрантите.

Во 2015 година, за време на мигрантската криза, водачот на ПиС рече дека мигрантите од Блискиот Исток ќе донесат болести и паразити во Полска.

Во моментов, повеќето мигранти се од Ирак, Авганистан и Африка.

Камински денеска рече дека владата не се обидува да ги стигматизира мигрантите, туку само презентира докази што ги открил за да покаже дека некои мигранти што ја минуваат границата може да претставуваат закана за националната безбедност.

Тој рече дека полските безбедносни агенции воспоставиле врска со екстремизмот кај 50 од 200 мигранти.

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

Мартино: Очигледно годините се проблем за Меси

Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино информира за остојбата на Лионел Меси. Тој очекува Аргентинецот да биде достапен за утрешната средба со ДЦ јунајтед.

- Лео тренираше добро вчера. За неговото учество на неделниот натпревар ќе донесеме одлука по тренингот, но оптимисти сме. Повредата го спречи да работи нормално деновиве. Генерално, ја земаме предвид неговата возраст. Очигледно годините се проблем за Меси, но сите се соочуваат со физичко истрошеност или прекумерна употреба кога играат три натпревари неделно. Сепак, отсуството на Меси на натпреварот против Орландо беше исклучиво поради повреда, изјави Мартино за „ESPN“.

На 16 мај, 36-годишниот Аргентинец го пропушти натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС со Орландо Сити (0:0) поради повреда на коленото./МИА

притисни ентер