Полска тврди дека мигранти и натаму пристигнуваат од Белорусија, но во помал број

Мигрантите се уште се обидуваат да ја преминат границата со Белорусија, иако во помал обем и во групи, објавија полските власти еден ден откако белоруските власти ги расчистија главните кампови на границата.

Отстранувањето на камповите вчера и првиот лет на мигрантите назад во Ирак изгледаше како сигнал дека Минск го сменил правецот и ќе помогне да се смири кризата што ескалира во последните недели на границата со Полска. Но, Европската унија го отфрли предлогот на Минск да прифати 2.000 мигранти, што е знак дека спорот се уште не е целосно решен.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак за полската телевизија Полсат изјавил дека мигрантите се уште се обидуваат да ја преминат границата, но во помали групи. Претходно неколку стотици мигранти се обиделе да ја пробијат заштитната ограда.

Полската гранична стража соопштила дека во изминатите 24 часа имало 250 обиди за илегално преминување на границата, половина од претходниот ден. Европската унија ја обвинува Белорусија дека намерно создава мигрантска криза со носење бегалци од Блискиот Исток со авиони до нејзините граници со Полска и Литванија. Минск ги отфрла тие тврдења.

Се верува дека десетина мигранти загинале додека престојувале на границите. Минск вчера префрлиле стотици мигранти во блискиот голем магацин, отстранувајќи ги од ниските температури на кои престојуваа досега. Гитанас Наузеда, претседател на Литванија, во која мигрантите исто така се обидуваат да влезат од Белорусија, рече дека строгиот пристап на ЕУ се исплател.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер