Полицијата го врати Ферарито украдено во 1995 година од возачот на Формула 1

Правдата е бавна, но достижна.

Британската полиција денеска соопшти дека го вратила Ферарито украдено пред речиси три децении во Италија од австрискиот Формула 1 возач Герхард Бергер.

Црвеното Ферари F512М беше еден од двата спортски автомобили украдени додека нивните возачи беа во Имола на Големата награда на Сан Марино во април 1995 година, пренесува Асошиетед прес. Ниту едно од двете возила никогаш не било пронајдено, додека производителот не ја известил лондонската Метрополитен полиција дека Ферарито, во процес на продажба на американски купувач, било означено како украдено возило од британски посредник.

Единицата за организиран криминал истражуваше и откри дека автомобилот бил донесен во Британија од Јапонија кон крајот на 2023 година. Полицајците го заплениле автомобилот, чија вредност се проценува на близу 350.000 фунти (444.000 американски долари).

Во полициската акција никој не е уапсен, а второто украдено Ферари се уште го нема.

Ферари произведе 501 примерок на F512M помеѓу 1994 и 1996 година.

Автомобилот е придвижуван од моќен V12 мотор со 440 КС и може да достигне брзина од 315 километри на час.

Извор: Б92

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер