Авионот има два трупа и растојание на крилјата од 117 метри , што е поголемо од стадион за американски фудбал. Авиониот два и пол часа леташе над пустината Мохаве во Калифорнија.
,,Колку величествен прв лет. Денешниот лет е нов чекор во нашата мисија за флексибилна алтернартива при лансирањата од земјината површина. ” ,изјави извршниот директор на Стратолаунч , Џин Флојд.
Kомпанијата Стратолаунч во 2011 ја основа соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален . Целта на компанијата е да овозможи поефтин пристап кон земјината орбита преку лансирање сателити од авион, наместо од космодром.