Пол-позицијата во „Сузука“ за Розберг

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ќе тргне од првата стартна позиција на трката од Шампионатот во Формула 1 што утре ќе се вози за Големата награда на Јапонија.Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ќе тргне од првата стартна позиција на трката од Шампионатот во Формула 1 што утре ќе се вози за Големата награда на Јапонија.



За Розберг ова е втора пол-позиција сезонава во Ф1.

Во утринските квалификации Розберг на патеката „Сузука“ оствари најбрзо време од 1:32.584 минути.

Друштво на Розберг од првиот ред ќе му прави тимскиот колега Луис Хамилтон.

Трето време забележа Валтери Ботас во Вилијамс, додека вториот стартен ред го комплетира Себастијан Фетел од Ферари.

Следуваат Фелипе Маса (Вилијамс), Кими Раиконен (Мерцедес), Даниел Рикиардо (Ред Бул)....

Денешната квалификациска сесија ја одбележа и инцидентот во кој возачот на Ред Бул, Данил Квјат кој имаше тежок судир со својот болид, но за среќа остана неповреден.

Трката во Јапонија утре стартува од 7 часот по македонско време.

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

притисни ентер