Пол позиција за Хамилтон во Франција

Тимот на Мерцедес доминираше на денешните квалификации за Големата награда на Франција, а британскиот возач Луис Хамилтон беше најбрз и стигна до 75-та пол позиција во неговата кариера.

Втор беше неговиот тимски колега Валтери Ботас, а на третата позиција заврши Себастијан Фетел од Ферари.

На четвртата и петтата позиција се двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикиардо.

Трката за Големата награда на Франција се вози утре на патеката „Пол Ришар“. /МИА

Мицкоски: Вооружена група контролирана од ДУИ се движи низ делови на Скопје

Лице блиско до лидерот на ДУИ Али Ахмети координира вооружена група која се движи на територија на општините Бутел и Чаир, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Тој не откри за кој и за што точно станува збор, единствено посочи дека повеќе детали јавноста наскоро ќе дознае. За тоа дали полицијата ќе постапува или не, Мицкоски новинарите ги насочи одговорите да ги побараат во МВР..

„ Точно знае Али Ахмети што зборувам и точно знае тој негов соработник кој уживаше вонредни привилигеии во луксузен хотел во претседателскиот апартман во Истанбул бидејќи тој ја координира таа група која се движи на територија на општина Бутел и Чаир и ги знаеме лицата, и точно знаеме што прават и набргу ќе дознае и јавноста.. Јас тоа што имав да го кажам на јавноста го кажав, дали МВР ќе постапува ќе се обратите таму.“-Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали полицијата има сознанија за наводното постоење на група вооружени лица во Бутел и Чаир и како постапува по однос на оваа информација, Канал 5 побара одговор од МВР, но до објавување на прилогот информации не добивме.

Тврдењата на Мицкоски од ДУИ ги оценија како невистинити и намерно ширење на лажни вести со цел, како што велат, поттикнување на национализам во функција на прибирање на гласови и поделби во општеството.

„ ВМРО е на чело на МВР и доколку има такви информации г-дин Мицкоски би требало да постапи, а не да заплашува граѓани се само за да добие глас плус. Ние се залагаме за Европска Македонија, а не за Македонија скарана со сите соседи и со сите заедници за што заговара Мицкоски и ВМРО. “ – велат од ДУИ за Канал 5.

Јорго Огненовски, Зоран Јованчев и Јанко Бачев во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе дебатираат Јорго Огненовски, Зоран Јованчев и Јанко Бачев.

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Јорго Огненовски од Демократи, Зоран Јованчев од Родина и Јанко Бачев од Единствена Македонија.

Дали мај мириса на промени или на статус-кво, можни ли се тектонски поместувања на политичката сцена?

Се кројат ли коалиции без да се знае исходот на изборите?

Како ќе одговорат на повикот на Мицкоски за национално обединување?

Ако не ЕУ и НАТО, која е алтернативата?

Како до држава без корупција и криминал?

Вечерва во Само Вистина Јана Јосифоска со Јорго Огненовски, Зоран Јованчев и Јанко Бачев, по вестите во 18.

Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“

 Aндреј Волкашин го снима својот дебитантски филм „Слатката горчина на зрелите капинки“. Филмот е меѓународна копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и ЕУРОИМАЖ, од каде и доаѓа креативната и техничката еки

Филмот ќе се снима до крајот на мај 2024 година, на живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија,соопштија од продукцијата Веда Филм од Скопје.

Сценариото е на Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф Илина Чолак, маска и шминка Симона Ристевска и кастинг директор Киријана А. Николовска.

Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана

Како што соопштува продуцентот Елена Станишева, филмот ја следи приказната на Дора, која се осмелува да се препушти на сопствената природа и да ги оспори границите на општеството обликувано од патријархалното и традиционалното. Улогите во филмот ги играат четири жени, сите од различни генерации, меѓусебно поврзани: Зорица Нушева во главата улога, Долорес Поповиќ - Лео, Ана Костовска и Јана Никодиновска.

Ова е едниствениот македонски филм развиван во рамки на најпрестижната европска програма Torino Film Lab (Script Lab 2019). Филмот е награден со прва награда меѓу сите алумни на Torino Film Lab во период од 2018 до 2022 година, од најголемите Нетфликс студија во Холандија кои ќе ја работата пост-продукцијата на филмот.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм и националните фондови на земјите копродуценти на филмот.

притисни ентер