Вилијам Тејлор, амбасадор на САД во Украина и Џорџ Кент, заменик државен секретар за Европа и Евроазија, треба да бидат сослушани денеска, додека претходничката на Тејлор, Мари Јовановиќ, ќе даде искази в петок.
Сите тројца веќе сведочеа зад затворени врати за време на инцијалната фаза од истрагата која започна во октомври.
– Американскиот народ ќе чуе од прва рака за злоупотребите на претседателот – изјави Адам Шиф, демократ од Калифорнија, претседавач со Комисијата за разузнавање при претставничкиот дом.