Почнува снимањето на играниот филм „Татко“ во Македонија

Во Охрид денеска треба да почне снимањето на играниот филм „Татко“ режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото.



„Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесетите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност покажува екстремна длабочина, што ја издигнува над приказната на еден бегалец или политичкиот контекст на Косово.

Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио, Нико Филм од Германија и Круша Продуксиони од Косово, а се реализира со поддршка од повеќе национални филмски фондови како што се West German Broadcasting (WDR), Film und Medienstiftung (NRW), German Federal Film Board (FFA), Косовскиот Филмски Центар и Агенцијата за филм на Република Македонија.

На филмот работи интернационална екипа, во која секоја од земјите копродуценти е застапена со свои автори.

Еднонеделното снимање во Охрид се реализира и со поддршка од општина Охрид, Министерството за одбрана и Генералштаб на АРМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Капетанија на пристаништата Охрид, како и Агенцијата за филм.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

Раперот Ар Кели доби уште 20 години затвор

Американскиот суд ја потврди 20-годишната затворска казна за раперот Ар Кели за сексуално злоставување деца, пишува Гардијан.

Ар Кели беше прогласен за виновен по три точки за детска порнографија и три точки за наведување на малолетник за секс.

Поротниците го ослободија по седум од 13 точки од обвинението дури и откако ги прегледаа снимките за злоупотреба. Тој беше ослободен по четвртата точка од обвинението за детска порнографија, по три точки за заговор за примање детска порнографија, по две точки за поттикнување малолетно лице на секс, а поротата одлучи дека не ја попречувал правната постапка што се водела против него во 2008. и за детска порнографија, пренесува Б92.

Инаку,во јуни 2022 година, по повеќе од две децении обвинувања за сексуална злоупотреба и поткуп, Кели беше осудена на 30 години затвор за водење на синџир за проституција и рекетирање.

Девет жени и двајца мажи детално опишале како Кели сексуално ги злоставувала и понижувала.

Раперот беше прогласен за виновен во 2021 година, а сведоците рекоа дека жртвите се надевале дека тој ќе им помогне во нивните кариери, а всушност од нив барал апсолутна послушност.

притисни ентер