Почнува информативната кампања „ЕУ одблизу“

Автобусот на Европската унија повторно на пат за да се одбележи Денот на Европа како дел од информативната кампања-„ ЕУ одблизу“. Патувачкиот автобус на ЕУ заедно со претставници на делегацијата на Европската унија, амбасадори на неколку земји членки на ЕУ, претставници на владата како и студенти и претставници на медиумите ќе посетат десет села низ целата држава од денеска па се до 23 мај,.

Чашка е првата општина што денеска ќе ја посети автобусот на ЕУ, како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“. До 23 мај патувачкиот ЕУ автобус ќе посети уште девет села низ целата земја.

Евроамбасадорот Аиво Орав потенцира дека ЕУ-информативниот автобус е дел од активностите за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа и се одржува трета година по ред, бидејќи се покажа како многу успешен проект за доближување на ЕУ до локалното население.

- За време на овие патувања ќе имаме многу средби со локалните власти, со наслението, со децата, со студентите, со учениците и тоа ќе биде можност тие да се запознаат со ЕУ, како таа функционира, кои се нејзините вредности, исто така и за финансиската помош, која што ја нуди ЕУ. Со нас ќе патуваат и амбасадори од земјите членки на ЕУ, кои покрај тоа што ќе зборуваат за ЕУ патувањето дава можност и да се запознаеме подобро со вашата земја, рече амбасадорот Орав.

Според вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, ЕУ-патувачкиот автобус е одлична можност локалното населние непосредно да се запознае дека ЕУ значи менување на закони, нов начин на живеење..., а ја подвлече и финансиката помош од Унијата за Македонија.

- Во досегашниот период 2007-2013 година од ЕУ се доделени околу 600 милиони евра за Република Македонија, а веќе се комплетира и новиот пакет за финаниска поддршка на земјава со нови 600 милиони евра за периодот 2014-2020 година. Овие пари од ЕУ ќе бидат наменети за подобрување на економскиот систем во РМ, за нашата администрација, за инфраструктурата, односно за идните генерации во земјава да се што поблиску до начинот и стандардот на живеење во ЕУ, рече Бесими.

Заедно со претставници на Делегацијата на Европската Унија, во автобусот ќе бидат амбасадори на неколку земји-членки на Унијата, претставници на Владата, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (ИПАРД), како и локалната невладина организација Европско движење, студенти и претставници на медиумите.

Целта на оваа информативна кампања, организирана од Делегацијата на ЕУ е да се воспостави директна комуникација со населението од руралните средини и да се понудат информации поврзани со Унија и земјите членки. Жителите на селата ќе имаат можност да постават прашања поврзани со ЕУ, процесот на пристапување кон ЕУ, можностите за финансирање во рамки на ИПА програмата и останатите програми за финансиска помош на ЕУ, преку директна комуникација со членовите на тимот на ЕУ автобусот.

ЕУ автобусот утре ќе го посети Центар Жупа, а во следните денови и Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер