Почнува 9. Фестивал „Богородичен покров“, на програмата 11 духовни филмови

 Со проекција на рускиот документарен филм „Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот венец на Спасителот, вечер во 21 часот, ќе биде отворен 9. Меѓународeн филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности.

Со проекција на рускиот документарен филм „Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот венец на Спасителот, вечер во 21 часот, ќе биде отворен 9. Меѓународeн филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“, што ќе се одржува онлајн на You Tube до 7 декември.

-Во тек на фестивалот ќе бидат прикажани 11 филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски, изјави за МИА Зорица Костоска, основач и директор на Фестивалот.

Костоска истакнува дека мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности. Се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во филмот со кој се отвора фестивалот се раскажува за историјатот на Трновиот венец на Спасителот, една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови, каква е оваа светиња и која е нејзината историја. Автор и водител е митрополит Иларион (Алфеев). Филмот, во времетраење од 26 минути, е во продукција на Добротворен фонд „Познание”. Режијата е на Мариа Вилкасте, a продуцент e Дмитриј Менделеев.

На првата фестивалска вечер во 21.30 минути ќе има проекција и „Утрински камбани ” , српски документарец, во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега епископ Хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о.Тадеј за манастирот „Св. апостол Лука" во Бошњане. Според пророштвото на отец Тадеј, во манастирот „Св. апостол Лука" во Бошњане, после 20 години, пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Во филмот се и мудрите поуки на епископ Хвостански, дека прво треба да се грижиме за своите души, зашто душата е поважна од телото.... Сценариото и режијата се на Дејан Вученовиќ. Филмот, во продукција на Прва ТВ трае 32.15 минути.

Единаесетте филмови што се на фестивалската програма се обезбедени со поддршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и ТВ Канал 5 од Македoнија.

Интернационална премиера на Фестивалот ќе имаат „Утрински камбани” од Србија и чешкиот филм „Štreit: Фотографирам, значи постојам”. Генерални покровители на Фестивалот традиционално се Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, а годинава и на митрополитот Иларион /Алфеев / со два негови филма и Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот, вели Костоска.

Утре ќе бидe прикажан американскиот документарен филм „ПЛАШТАНИЦАТА- Лице в лице”, во сценарија и режија на Роберт Орландо. Ненадејната смрт на таткото на сценаристот и режисер на овој филм Орландо, поттикнала многу прашања кои барале одговори. Тој го почнува големото истражување за барање на вистината за Плаштаницата, а со тоа и на смислата на животот. Со таа цел, тој патува и снима во Калифорнија, Њу Џерси, Колорадо, Вирџинија, Тексас, Италија, Израил. Одговорите од тие патувања се во овој филм на Vision продукција, а трае 74 минути.

На 2 декември на програмата се премиерата на „Божикни празници и обичаи“, со почеток во 21 часот и „Велигден во Хиландар“ во 21.35 часот, српски документарци од ТВ серијалот „Приказни од Атос”, а на 3 декември (21.00) „Свети Никола - Лицето на благоста”, романски документарен филм.

Рускиот документарец „Ризата на Богородица“ е на програмата на 4 декември во 21 часот, како и српскиот „За нашиот доктор, а писател“. На 5 декември ќе биде прикажан чешкиот документарен филм „ŠTREIT: Фотографирам, значи постојам“, а на 6 декември рускиот „Сакам да бидам светец“.

Затворањето на Фестивалот е на 7 декември, во 21 часот со македонскиот документарен филм од архивата на ТВ Канал 5 „Историјата на Црквата на Св.великомаченик Димитриј” во Скопје. Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г. Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија” во Охрид.

Фестивалот е основан во 2016. година и досега е поддржан од 12 амбасади во државава и бројни стопански субјекти. Почесен претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет “Св.Климент Охридски” во Скопје, автор на многу трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Македонија во Светата Столица, Ватикан.

Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, монтажер во МРТ и режисер , наградуван за бројни филмови, посебно за историјата на Македонија и МПЦ-ОА и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен помошник генерален директор на МРТ, 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог.

Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ, МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал.

Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.

Морбидно: Секои четири го откопува телото на починатата ќерка, ја мие и пресоблекува

Народот Тораја од Јужен Сулавеси во Индонезија спроведува еден од најбизарните обичаи за да го слави култот на мртвите.

Имено, на секои неколку години, овој народ ги обединува минатото и сегашноста преку необичен ритуал, а во рамките на церемонијата наречена „Ma'nene“, членовите на оваа заедница ги откопуваат телата на своите починати роднини, ги капат и ги облекуваат во нова облека, објави Лајфстајл.

Овој ритуал не е само симбол на почит кон мртвите, туку и длабоко вкоренето верување на овој народ дека душата постепено се преселува во задгробниот живот.

Секој август „Манене“ е време кога семејствата се собираат да ги исчистат и исушат телата на нивните предци, а потоа во духот на славењето често се фотографираат со нив. И ова е дел од верувањето дека присуството на покојникот е благослов за домот и семејството.

Според легендата, оваа необична традиција ја започнал извесен ловец Понг Румасек пред повеќе од еден век. Според легендата, тој пронашол напуштено тело во џунглата што му се згадило, па решил да го облече и да го закопа. Оттогаш, се вели дека бил благословен со обилен улов и плодна жетва.

Овој настан го иницираше верувањето кај народот Торај дека смртта не е крај - туку процес. Затоа со грижата за телата на покојниците обезбедуваат духовна блискост и континуитет меѓу живите и мртвите генерации. Ритуалот, според нив, станал мост меѓу живите и мртвите, со што е зачувана безвременската врска.

Некогаш, не толку ретко, се гледаат родители како поминуваат време со своите починати деца, па фотографијата на таткото кој на секои четири години го ископува телото на својата ќерка, го мие, облекува и го враќа во гроб го обиколи светот. На тој начин не само што го одржува жив народниот култ, туку и нивната нераскинлива врска.

Ги скршиле украсите за елка и од нив излегле стотици мравки: Отклучен е нов страв (ВИДЕО)

Американската тиктокерка Ем Пис се подготвувала да украси елка, но кога ги извадила украсните топчиња од кутијата, слушнала необични звуци.

„Морав да откријам што има внатре“, рекла таа, а потоа во видеото покажала како со стап скршила една топка, а од неа излегле мравки. „Погледнете ги мравките кои излегуваат, ова беше страшно“, рече таа во видеото кое собра 423.000 прегледи.

@empease7 PSA: If you stored ornaments in a cardboard box, give them a good shake outside before decorating inside. #christmas #ornaments #nightmarebeforechristmas #ants #ornamentsmash #fyp ♬ We Wish You a Merry Christmas (Glockenspiel Version) - Musik Bayi ID

Бројни тиктокери реагираа под видеото и го коментираа нејзиното ужасно откритие.

„Ова беше многу полошо отколку што мислев“, „Отклучен е нов страв“, „Не знам што очекував, но дефинитивно не беше ова“, „Некој да ми каже дека ова е вештачка интелигенција“, „Не ќе можам да ја заборавам оваа глетка“ и „Очекував две или три мртви бубачки, а не милион живи“, напишаа тие.

Еден тиктокер ја прашал каде ги чувала топчињата, а таа му напишала: „Кутијата беше во мојата гаража, на горната полица“, а потоа ѝ одговори: „Затоа во моментов ѝ помагам на мајка ми да ги замени сите картонски кутии со пластични“.

Мексико не сака да ги прифати депортираните мигранти од САД, кои се од други земји

Мексико сака да постигне договор со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека не мора да прифаќа депортирани кои потекнуваат од трети земји во случај на масовни депортации на илегални имигранти од САД.

Мексико сака да постигне договор со администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека не мора да прифаќа депортирани кои потекнуваат од трети земји во случај на масовни депортации на илегални имигранти од САД, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.

Трамп вети дека ќе ги депортира мигрантите кои нелегално живеат во САД, а неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека ќе депортира еден милион луѓе годишно.

Мексико е клучна алка во американската имиграциска политика во последниве години, прифаќајќи имигранти од земји како Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела кои биле депортирани од САД.

Сложените дипломатски односи што ги имаат САД со некои од овие земји го отежнуваат депортирањето на мигрантите од овие националности директно во нивните земји на потекло.

„Се надеваме дека ќе постигнеме договор со администрацијата на Трамп, така што, во случај да се случат овие масовни депортации, тие да испраќаат луѓе од други земји директно во нивните земји на потекло“, рече Шејнбаум на прес-конференција.

Мексико „стои во солидарност со сите, но неговата главна цел е да им посака добредојде на Мексиканците“, рече таа.

притисни ентер