Почнаа карневалските свечености во Струмица

Бубамари, пчелки и мечиња свиреа клавир, шаренолики фустанчиња се лелееа на музиката.


Концертот под маски на струмичкото музичко училиште го почна карневалското славје во градот.


На две локации во градот, се поставија и изложби на фотографии од струмичкиот карневал. Првата на здружението Евровизија кое на конкурс ги избира најуспешните фотографии од претходната година, а втората на фотографот Сречко Гунчев низ чиј фото објектив го гледаме растењето на карневалот во период од две децении.


Вечерва се одржува големиот бал под маски,а утре е главната карневалска вечер. Недела е резервирана за детскиот карневал, додека на чист понеделник се вари бело гравче. Во вторник по градското корзо се одржува карневалско дефиле. Свеченостите завршуваат на Тримери кога се одбележува празникот на армасаните.

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер