Почна судењето на Германката , која си ги уби петте деца на возраст од 1 до 8 години

Денеска во Германија започна судењето на жената осомничена за убиството на нејзините пет деца на возраст од 1 до 8 години.

Судскиот процес започнал десет месеци по тој трагичен настан што ја потресе јавноста во земјата.

На Кристијане К. ќе и се суди за пет убиства на судот во Вупертал, во западна Германија. Таа се соочува со казна доживотен затвор.

28-годишната жена досега тврдела дека е невина и мотивот за убиствата допрва треба да се утврди, соопштила канцеларијата на државниот обвинител. На првото рочиште, таа решила да се брани со молчење. Не и било дијагностицирано никакво ментално нарушување. Трагедијата се случила на 3 септември во семејната куќа во Солинген.

Според обвинението, мајката им ставила дрога во пијалоците на децата за појадок за да ги заспие. Потоа ја наполнила кадата со вода и им ги подготвила играчките за да го привлече нивното внимание. Потоа ги разбудила и ги однела едно по друго во бањата, каде што се задушиле и ги задавила.

Потоа ги завиткала со крпа и ги легнала на креветот, каде биле пронајдени безживотни тела на трите девојчиња на возраст од 1, 2 и 3 и две момчиња на возраст од 6 и 8 години.

Жената се фрлила под воз тој ден на железничката станица во близина на Дизелдорф, но го преживеала обидот за самоубиство.

Најстариот син, кој тој ден отишол рано на училиште, ја избегнал судбината на неговите браќа и сестри.

Мајката, која оттогаш е во притвор, рекла дека маскиран маж влегол во нејзиниот стан и ги убил нејзините деца. Но, не биле пронајдени докази што го поддржуваат ваквото тврдење. Нејзината мајка, на која и напишала дека децата се мртви, повикала полиција. Судењето се очекува да трае најмалку до средината на август.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер