Почна реконструкција на улицата „Јордан Мијалков“

Денеска започна проширувањето и реконструкцијата на улицата Јордан Мијалков, односно поранешна Железничка.

Реконструкцијата ќе се врши од улицата „Герман“ па се до улицата „Павел Шатев“, во должина од 750 метри, со што ќе се добие уште една коловозна лента, ќе има странично зеленило од 1,5 метар, сервисна улица по целата должина и надолжен паркинг. Градежните работи ќе ги извршува градежната фирма „Пелагонија“ од Гостивар, додека уличното осветлување е на компанијата „Диџит“.

Вредноста на оваа инвестиција е 47 милиони денари, од кои 43 милиони денари се за градежните работи и четири милиони денари за уличното осветлување.

Како што нагласи градоначалникот Трајановски, градежните работи би требало да завршат за 150 работни дена, а доколку нема никакви проблеми во врска со подземни инсталации би можело и порано.

- Со завршување на оваа улица ќе се добие поголема проточност, поголем бенефит од аспект на екологија. Оваа улица практично ќе биде дел од сообраќајниот јазол што се прави на овој дел од градот Скопје околу Јужниот булевар. Ова е во функција и на подготовките што ќе се прават кога ќе биде готов Јужниот булевар и двата кружни тека што ќе се направат на крај, изјави градоначалникот Трајановски.

Тој нагласи дека со овие градежни работи Градот Скопје работи како што предвидено односно согласно изборната програма.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

Како врз граѓаните влијаеше кампањата за претседателските и парламентарните избори?

Во фото-финишот на изборната кампања, колкаво влијание имаше таа врз одлуката на граѓаните за кого би го дале својот на 8ми мај и дали им се допадна начинот на кој што кандидатите ги презентираа своите програми пред нив? 

Ова е прашањето кое екипата на Канал 5 им го постави на граѓаните.

Дел од нив оценија дека кампањата била добро искористена, иако својата одлука за кого би гласале ја донеле уште пред нејзиниот почеток.

- Ми се допадна и многу беше фино и немаше никакви проблеми.Па треба да се направи промена, претседател да има за сите луѓе во државата, нема врска кој ќе биде само да биде како што треба за сите.

- Добро е искористена кампања како кампања има и позитивни и негативни страни. Воглавно е добро во однос на други некои збиднувања во светот овдека е сосема мирно. Па кампањата не влијае многу кај луѓето сите си се определени уште пред тоа.

- Сосема нормално. Дали ќе влијае врз вашиот глас? Не пошто знам за кого ќе гласам.

Сепак има и такви кои сметаат дека наместо за претставување на реални проекти, кампањата била користена за меѓусебни обвинувања и дека тоа нема да влијае врз нивната конечна одлука.

- Во ништо не верувам, што да ти се допадне од лошите доаѓаат уште полоши.

- Кампањата е досадна и сувишна не знам овие партиите што се замислуваат, јас мислам не влијае на никој тоа.

-По фаците или по програмите кои што ги немаат, по што?

- Не гласам и не сакам да гласам нема за кого да ви кажам искрено едните проверени, вториве и тие се мењаваат 30 години, што ќе гласам.

Инаку, на првиот круг на претседателските избори своето право на глас го искористија 905.958 граѓани, односно излезноста изнесуваше речиси половина.

притисни ентер