Почна изборната кампања за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ со митинг во Охрид, СДСМ во Струмица, ДПА и ДУИ во Тетово - почнува изборната кампања за локалните избори.

И официјално стартуваат изборните карвани. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва со митинг во Oхрид, опозициската СДСМ во Струмица. Во Скопје социјалдемократите од Нерези ја почнаа кампањата за Карпош, каде Куновска и Јакимовски ќе се натпреваруваат со Андреј Петров. Партискиот секретар на СДСМ е убеден дека во Карпош победуваат уште во првиот круг, зашто наспроти себе имаат еден српски радикален противкандидат и една повозрасна дама.


„Со цел респект на мојот кандидат Јагнула Куновска на нејзината возраст и како дама, сепак мислам дека на Карпош му треба млада и докажана личност да го води во следниот период“ изјави Андреј Петров, кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош.

До среда СДСМ ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници во сите општини, рокот за поднесување на кандидатурите како што одлучи собранието во саботата на итната седница е продолжен до петок, 8 март. Веќе се знае дека во Охрид ќе трчаат со Александар Петрески, во Куманово со Зоран Дамјановски, во Струмица со Заев. Во Скопје противкандидат на Трајановски е Јани Макрадули.

Актуелниот градоначалник денеска ги повика скопјани да гласаат за него и за листата со број 19. Ја барам поддршката за советниците за да нема опструкции, блокади и пазарења, рече Трајановски.


Коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ на локалните избори настапува со 70програми за нивните кандидати во 70 општини , кои содржат вкупно и 10 112 нови проекти коикако што велат се во директен интерес на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ со целиот свој кредибилитет стои зад овие проекти и програми на нашите кандидати за градоначалници. Подршката за ВМРО-ДПМНЕ, значи подршка за реализација на овие 10 112 проекти.

Во овие програми ќе сретнете прецизни и конкретни проекти за секоја општина кои се со веќе обезбедена финансиска конструкција, за што подетално ќе ви појаснат моите колеги„, изјави Никола Тодоров, претседател на РИШ на ВМРО-ДПМНЕ


Владеачката ВМРО-ДПМНЕ в сабота ќе митингува во Скопје, а завршниот митинг ќе го одржи во Велес. На првиот ден од кампањата ДУИ и ДПА стартуваат од Тетово.


Пендаровски: На 8 мај имајте ги предвид иднината на вашите деца и младите

„Оставете ги партиските поделби, оставете ги етничките поделби, размислувајте како родител, размислувајте како поединец, размислувајте како приватник, размислувајте како човек. “

„Дали би му дале верба на некого кој вели дека сите договори кои ни донесоа мир и не вратија во заедницата на цивилизирани нации и држави, треба да ги смениме, да им направиме ревизија и да донесеме нешто што никој жив не знае што може да биде и со какви ефекти ќе биде“, им порача на тетовчани вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Во оваа насока тој посочи дека наместо државата да се враќа во мрачното минато, во периодот од 2006-та до 2017-та година, треба да се фокусираме на економијата, бидејќи од тоа зависи дали децата ќе ни останат покрај нас или ќе бараат подобра иднина надвор од татковината.

„Невозможно е најголемиот дел од македонските граѓани да не ја препознае рационалноста на ова што го зборувам. Ме прашувате за било кој договор, јас имам одговор - тој договор е добар, овој договор е добар, ова е добро, ова е лошо. Тие немаат одговор. Три пати ги прашуваш, вели ќе направам тим од експерти, па со помош на странски експерти, па Совет на Европа, Венецијанска Комисија и по некое време, после неколку месеци...Кога бирате претседател, премиер, министер – тој мора од првиот ден да делува и да носи одлуки, а не допрва да собира експерти. Ти ако не знаеш сега што треба да направиш во однос на Рамковниот договор, Преспанскиот договор, Европската преговарачка рамка, ако допрва бараш помош од стручни експерти од странство и од дома, немој да се пријавуваш за претседател“, додаде Пендаровски.

Повикувајќи ги граѓаните на Тетово на 8 мај да го заокружат бројот 1, Пендаровски потенцираше дека на денот на гласањето треба да ги имаат предвид интересите на нивните деца и внуци, нивните лични и интересите на семејството,соопштуваат од неговиот тим.

Спасовски: Милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце. 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред жителите на с. Младо Нагоричане и Драгоманце.

„Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат, Македонија треба да гласа ЗА прогрес, за број 1 на 8 мај! Во с. Драгоманце и Младо Нагоричане знаат дека

може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на поголеми плати и пензии.

Ние од СДСМ и коалицијата нудиме милијарда и триста милиони евра за поддршка на македонското земјоделство, поголем грант од 10.000 евра за жени земјоделки, 100% зголемување на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години!

Сите знаеме како изгледа владеењето на режимот, затоа не се откажуваме од иднината! На 8 мај за број 1!”, рече Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Дадо Топиќ откри како го добил името Адолф

Познатиот музичар Дадо Топиќ во интервју откри како го добил името Адолф.

„Најдобриот пријател на татко ми, кого исто така го паметам како еден од најдобрите и најквалитетните луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. Тој беше стоматолог по професија, а татко ми, кого Адолф во животот со своите добри дела го задолжи, вети многу пред моето раѓање дека ако има син ќе го крсти детето по него“, рекол своевремено Дадо и изјавил дека овој Адолф му бил и кум на крштевката, пренесува 24сата.хр. .

Топиќ откри и кога го добил прекарот Дадо.

„Прекарот Дадо го добив дури во средно училиште, кога почнаа да се натрупуваат проблемите околу моето име, па со него сум заглавен до ден-денес“, изјавил Дадо.

притисни ентер