Двајцата биле симнати од бродот минатата недела и пренесени во болница, каде што починале.
На крузерот, кој е во карантин од 3 февруари, кој ги истовари неинфицираните патници последните неколку дена, има повеќе од 620 заразени патници , што е најголем број луѓе заразени надвор од Кина.
На бродот имало 3700 патници, а оние негативни на тестот за вирусот почнале да го напуштаат.
На истиот брод работат и тројца македонски државјани, од кои едниот бил позитивен на тестот за коронавирус.
„Според одлуката на јапонските власти, патниците кои ги исполниле критериумите за напуштање на бродот, прво го напуштиле бродот, а потоа и членовите на екипажот.’, соопштуваат јапонските власти.