Почина За За Габор - имаше 99 години!

Американската актерка со унгарско потекло За За Габор почина вчеравечер - јавија светските медиуми.

За За Габор се мажеше 9 пати. Последниот брак и беше со Фредерик Фон Анхалт со кој се омажи во 1986 година, на 69 години. Тој изјави дека починала дома, од срцев удар, опкружена со семејството и пријателите.

За За Габор беше актерка во Холивуд, но не ја прослави актерството туку начинот на живот. Всушност, за неа се вели дека е првата славна личност која покажа дека слава може да се постигне со бројни бракови, богатство и гламурозен живот.

Image result for zsa zsa gabor

За неа велат дека Парис Хилтон на нејзиното време, и инспирација за сестрите Кардашијан.

Всушност, прадедото на Парис Хилтон, Конрад, бил еден од сопрузите на За За Габор!

Без посебен талент за актерство, таа од победничка на ибор за убавици стана богата жена на милионер и славна - поради тоа што е славна!

Родена е на 6 февруари 1917 година во Будимпешта како Сари Габор.

Во 1936 победила на изборот за Мис на Унгарија, а 5 години подоцна заминува во САД каде што почнува филмска кариера.


Image result for zsa zsa gabor

Во 1991 година ги објави своите мемоари под наслов „Еден живот не е доволен“ и напиша се - од тоа како ја загубила невиноста на 15 години, и потоа за сите мажи што влегле во нејзиниот живот.

Image result for zsa zsa gabor









Шолц, Макрон и Мелони со писмо до Курти: Предлогот на Лајчак е солиден модел за ЗСО

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“.

Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во Советот на Европа, доколку не започне со формирање на заедниците.

„За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето на заедницата и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води ЕУ.Се вели во писмото кое било испратено еден ден пред писмото на косовската владата да биде упатено до претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, во кое се наведува дека владата подготвува нацрт на статутот на Заедницата на српски општини, што ќе биде испратен до Уставниот суд на Косово до крајот на мај.

Саборот ќе гласа за новата хрватска влада

Хрватскиот Сабор денеска ја избира новата влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе брои 18 членови, меѓу кои и тројца министри од Движењето Татковина.

Владата во Парламентот ќе ја претстави Пленковиќ, кому ова му е трет мандат по ред на чело на извршната власт.

Покрај членовите на Владата од Движењето Татковина, од кои дел се поранешни членови на ХДЗ, извршната власт останува непроменета кога станува збор за личности.

Во Програмата на новата влада од 2024 до 2028 година се истакнати пет приоритети - успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.

„Гответе со Дракче“ - Солени вафли

Во четврток  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Брезева.

Состојки за денешниот рецепт:

2 јајца

200 гр. пченкарно брашно

50 мл. маслиново масло

100 гр. спанаќ

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер