Почетен симптом за рак на црниот дроб, се јавува кога ќе седнете да јадете!

Ракот на црниот дроб се смета за еден од најсериозните форми на рак, бидејќи процентот на заболени од него е најголем. 

Затоа, раната дијагноза е најважна, бидејќи ракот во почетната фаза може да се лекува, или со операција или со трансплантација на црн дроб. Постојат два вида на рак на црниот дроб - примарен, каде што болеста започнува во црниот дроб или секундарен, каде што се појавува на друго место во телото и се шири и на црниот дроб.

За жал, кај повеќето луѓе болеста се дијагностицира кога толку е проширена што не може да се отстрани или целосно да се уништи. Американското здружение за борба против ракот објаснува дека е тешко да се забележи болеста рано бидејќи симптомите обично се појавуваат во подоцнежните фази. Сепак, забележано е дека еден симптом се јавува редовно за време на оброците и може да укажува на оваа болест.

Околу 5.800 луѓе годишно умираат од рак на црниот дроб во Велика Британија, што значи 16 лица умираат секој ден, па тоа ја прави оваа болест осма најсмртоносна болест во земјата.

- Општо земено, луѓето кои живеат со рак на црниот дроб ќе го изгубат апетитот или нема да можат да јадат како порано поради непријатност во стомакот или гадење. Покрај тоа, заболените од оваа болест може да откријат дека дури и јадењето мали количини храна им предизвикува болка и непријатност во пределот на стомакот - објаснува д-р Џозеф Амбани, а пренесува „Дејли Рекорд“.

Промените во апетитот може да бидат предупредувачки знак дека постои сериозна состојба, но овој симптом може да се поврзе и со низа други здравствени проблеми, па затоа е многу важно веднаш да отидете на преглед. Исто така, доколку забележите некој од следниве симптоми, мора да го известите вашиот општ лекар кој ќе ве упати на дополнителни испитувања.

Симптоми на рак на црниот дроб:

Болки во стомакот

Необјаснето губење на тежината

Губење на апетит

Жолтица

Подуен стомак поради насобирање на течности

Краток здив

Умор

Гадење или повраќање

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер