Ова ѝ се трети Олимписки игри на кои се натпреварува. Таа ја победи Американката Елизабет Тартаковски пред да загуби од Јужнокорејката Џеон Хајонг во осминафиналето.
Подоцна Хафез во објава изјави дека е горда на својот настап и дека се натпреварувала додека очекувала дете. „Она што ви се чини дека се двајца спортисти на подиумот, всушност беа тројца! Бев јас, мојот противник и моето бебе кое наскоро ќе се роди“, напиша таа на Инстаграм.
„Го пишувам овој пост за да кажам дека гордоста го исполнува моето битие додека го обезбедив моето место во осминафиналето... оваа Олимпијада беше поинаква. Трикратен олимпиец, но овој пат носи мала олимпијка!
Хафез, која претходно се натпреваруваше на Игрите во 2016 и 2021 година, рече дека ја открила веста за „да ја осветли силата и истрајноста на сите Египќанки“. „Вртелешката на бременоста е тешка сама по себе, но борбата за одржување рамнотежа помеѓу животот и спортот не е помалку исцрпувачка, колку и да е наградена“, додаде таа.
Нада воодушеви многумина кои ѝ испраќаат поддршка преку социјалните мрежи, а објавата собра над 60 илјади лајкови. „Замислете да сум тоа дете... „Јас сум роден да бидам олимпиец“. „Бев на Олимпијада пред да се родам“, „Покажавте дека жените можат се, ние сме горди“, „Ова е навистина неверојатна приказна“, „Ти си вистинска инспирација“, се само дел од коментарите под нејзината објава.