По стручната дебата, законот за Јавно обвинителство се враќа во работните групи

 По два дена стручна расправа, Предлог-законот за Јавно обвинителство повторно се враќа на работните групи меѓу политичките партии.

Се очекува дел од забелешките изнесени на расправата да се најдат во текстот на законот.

Министерката за правда Рената Дескоска вчера на прес-конференција рече дека нема да дозволат да се блокира процесот на носење на законот и оти ќе се обидат да закажат средба со пратеничките групи во поширок формат. Таа изрази надеж дека ќе учествуваат и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.

– Предлог-законот за Јавно обвинителство го содржи концетот за градење силно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое покрај тековните надлежности што ги има, ќе ги преземе и случаите што ги водеше СЈО. Ова обвинителство, согласно предложениот текст, има одредени статусни и финансиски гаранции, што треба да му овозможат и да му гарантираат независност од извршната, законодавната власт, со цел да не може да биде уценувано ниту од финансиски аспект, ниту да се врши какво било влијание, рече Дескоска.

Таа укажа дека прашањето околу постапката за предлагање јавен обвинител од страна на опозицијата е една од спорните точки за кои ќе се гради консензус. Според неа, вреден за размислување е предлогот за транспарентност на постапката за избор на обвинител на организиран криминал и корупација и тој предлог ќе биде земен предвид.

Што се однесува до членовите 108 и 109 од законот, кои според Дескоска, се најжешките камења на сопнување меѓу политичките партии, охрабрува ставот, како што рече, истакнат од повеќе експерти дека дури и да не се напише оти постапките продолжуваат, тие ќе продолжат согласно Законот за кривична постапка. Дескоска најави дека ќе се обидат да закажат средба со пратеничките групи во поширок формат и изрази надеж дека ќе учествуваат и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.

– Ќе продолжиме да се убедуваме со сите пратеници и ќе бараме мнозинство. Кој има добра намера е добредојден, кој не нема да дозволиме да го блокира процесот на носење на законот, порача министерката за правда Дескоска.

Во Собранието вчера и завчера се одржа јавната расправа за законот за Јавното обвинителство, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Во јавната расправа учествува претставници на правната фела, обвинители, адвокати, професори од правните факултети и од НВО секторот, како и пратеници од сите политички партии.

Предност во изнесувања на своите забелешки им беше дадена на претставниците на стручната и експертската фела, кои изнесоа свои размислувања и забелешки за предложениот текст и се очекува дел од нив да се најдат во текстот на законот, кој допрва треба да биде доставен во собраниска процедура. Според најголем дел од нив закон за јавното обвинителство е потребен и тој треба да биде донесен од Собранието.

За професорот Александар Климовски работниот текст на законот е спротивен на Уставот, како и претходно законот за СЈО. За него носењето на овој закон нема врска со евроинтеграцискиот процес и не е услов за добивање датум. Тоа прашање, според него, ќе биде отворено кога ќе започнат разговорите за поглавјето за правосудство.

Новинарот Горан Лефков изјави дека не се согласува со некои одредби од законот, посебно членот 3 во кој се одредува дека Јавното обвинителство се организира по принципите на хиерархија и субординација.

– Политиката треба целосно да ги крене рацете од Јавното обвинителство. Политиката треба да ги остави Јавното обвинителство и јавните обвинители да си ја вршат работата. Мешање на политиката, на политичките партии и други форми на влијание врз Јавното обвинителство, последиците ќе ги имаме катастрофални, како што ги имаме денес во работењето на Јавното обвинителство, нагласи Лефков.

Претседателот на собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Александар Кирацовски изрази задоволство што два дена се дебатирало за ова предлог-законското решение. Според него, само еден од говорниците не дискутирал на темата, а сите други се вклучиле квалитетно, далбински и експертски./МИА.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер