По повеќе од половина век Американците повторно слетаа на Месечината

За прв пат по половина век, Соединетите Американски Држави се вратија на Месечината. 

Комерцијалното вселенско летало Одисеј „си најде нов дом“ -одекна во веселнскиот центар на НАСА.

Веднаш по слетувањето на Месечината и по низа потешкотии, лендерот е исправен и испраќа податоци. Потфатот се смета за историски како за истражувањата во вселената во целост така и за вселенска програма на САД.

Според администраторот на НАСА, на осмиот ден и речиси четврт милион милји патување по големиот космички мост, од лансирањето во вселенскиот центар Кенеди до целта на јужниот пол на Месечината слетувањето на комерцијалниот вселенски слетувач Одисеј на компанијата „Intuitive Machines“ претставува голем чекор на науката, иновациите и лидерство на САД во влесената.

„Денес за прв пат во историјата на човештвото, комерцијална компанија, американска компанија го започна и го водеше патувањето таму горе. Денешниот ден ги покажува моќта и потенцијалот на комерцијалните партнерства со НАСА. Честитки за сите вклучени во овој голем и смел потфат на „Интуитив машинс“, „СпејсИкс“ и овде во НАСА. Каква победа. Одисеј ја освои Месечината “--Бил Нелсон, Администратор на НАСА.

Лендерот со прекар „Оди“ или ИМ-1 е првото американско вселенско летало кое ја допрело површината на Месечината изминатите 50 години. Иако првично на инженерите им се појавија проблеми со навигацијата пред да го изведат тешкото слетување, наскоро се очекуваат првите снимки на лендерот од површината. Успешната пресвртницата доаѓа по неуспешната американска мисија на Месечината минатиот месец.

Лендерот Одисеј треба да го истражи јужниот пол на Месечината пред планот НАСА да испрати екипаж на крај од 2026 година.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер