По пауза од 5 години македонската женска одбојкарска репрезетација се враќа на меѓународната сцена

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија од петок до недела во Херцег Нови ќе настапи на квалификации за Светското првенство што во 2014 година ќе се одржи во Италија. По пауза од пет години ова е прва активност на националната одбојкарска селкција за жени.

На денешната прес конференција селекторот Горан Јаневиќ истакна дека од последната акција на репрезентацијата ги имаме само Марија Петровиќ и Велика Сарајлиева.

- Кус беше периодот на подготовки само три дена, но ќе одиме да собираме искуство, додека во групата фаворит е Хрватска. Ние шанса за победа треба да бараме во дуел со домаќинот Црна Гора, рече Јаневиќ.

Капитенот во нашиот табор е единствената интернационалка Марија Петровиќ, која настапува во грчки Ораикастру.

- Ме радува што повторно оваа селекција е на собир по пауза од пет години. Станува збор за млада екипа, но мора да се мисли на иднината. Во секој случај, чест е да се биде во репрезентацијата, истакна Петровиќ.

Македонската одбојкарска репрезентација на домашен терен од петок до недела ќе ги игра квалификациите за Светското првенство во Полска 2014 година.

Натпреварите од турнирот ќе се играат во СРЦ „Кале“, каде овојпат за потребите на одбојката ќе биде поставен и соодветен тарафлекс (подлога).

- Ние не сме фаворити, иако сме домаќини. Но, ако одиграме на високо ниво може да се надеваме на првото место што за мене е секогаш главна цел. Не очекува силен турнир. Имаме многу позитивни елементи во играта. Оваа екипа има потенцијал, но во модерната одбојка може да победи само екипата, а не може поединецот, изјави селекторот Николај Жељасков на денешната прес-конференција.

Капитенот Никола Ѓоргиев рече дека првиот натпревар е најважен и оти на него мора да дојдат до победа.

- За три дена ќе одиграме три натпревари, а првиот секогаш е најважен. Мора да постигнеме победа на тој дуел и после ќе мислиме на другите натпревари. Имавме жестоко темпо на подготовки, тренинзи и контролни натпревари. Расте нивото на игра и тоа ми се допаѓа што се повеќе личиме на тим, рече Ѓоргиев.

Македонија своите натпревари ќе ги игра во терминот од 18 часот, а противници ќе бидат Албанија (петок), Црна Гора (сабота) и Украина (недела). Другите натпревари почнуваат во терминот од 15:30 часот.

На репрезентацијата денеска последен ќе и се приклучи Вук Карановиќ, а во стручниот штаб се надеваат дека Јовица Симовски и Александар Љафтов ќе ги санираат повредите.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер