По неа е наречено возилото кое на Марс ќе бара живот - која е Розалинд Френклин?

Во 2021 возилото ,,Розалинд Френклин”  ќе се спушти на Марс , за да бара хемиски елементи , што би упатувале на поранешно или сегашно присуство на живот на планетата.

Новото возило на Европската вселенска агенција е наречено по познатата британска хемичарка , која придонесе кон откривањето на структирата на ДНК.Сепак , за време на животот не доби ниедно заслужено признание. Научниците го избраа токму нејзиното име за роверот , избирајќи меѓу 36 000 предлози испратени од жителите на 22 држави , членки на Европската вселенска програма.

,,Нејзиното име е потсетник дека желбата за истражување е запишана во нашите гени. Самата идеја на науката и се што работиме во ЕВП , е запишано во нашите гени. “ изјави директорот на ЕВП , Јан Вернер .

Во рамки на мисијата ExoMars 2020 роверот ќе ги истражува земјата и карпите на Марс во близина на екваторот , во надеж дека ќе открие некои биохемиски процеси што се одвивале во минатото , а можеби траат и денес.

Роверот ќе биде еден вид добро опремена лабораторија , ќе прави дупки длабоки два метра и ќе ги анализира собраните примероци.

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Во Собранието денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во областа на науката.

Според Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, годинашни добитници на престижната државна награда се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“(од архивските материјали на Васил Хаџиманов).

Наградата „Гоце Делчев“ првпат беше доделена во 1949 година, а прв добитник беше истакнатиот македонски книжевен културен работник академик поет прозеист есеист Блаже Конески.

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. 

По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Според најавите, во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и партиски делегации, здруженија, граѓани....

Во Собранието напладне ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката.

Добитници на државната награда „Гоце Делчев“ годинава се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија:од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“ (од архивските материјали на Васил Хаџиманов).

Годишнината од смртта на Делчев ќе биде одбележана и во Штип каде се наоѓа истоимениот државне Универзитет. Според агендата, на одбележувањето ќе се обратат ректорот на Универзитетот Дејан Мираковски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито

На денешен ден пред 44 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. На погребот присуствуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет. Иако поминаа 44 години од смртта на Тито, голем број граѓани од републиките на поранешна СФРЈ сè уште доаѓаат неговиот гроб. Куќата на цвеќето досега ја посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.

притисни ентер