По лимузината на Путин , доаѓа и луксузниот миниван

Рускиот луксузен миниван е дел од државниот проект ,,Кортеж” и носи ознака Арсенал.

На иницијатива на рускиот претседател Путин , веќе е реализиран проектот за изработка на неговиот луксузен автомобил, потоа познатиот ,,руски Ролс Ројс” , Аурус Сенат , a сега веќе се ојави и луксузнуиот миниван Арсенал, чија фотографија е објавена на Инстаграм. Дизајнот , односно предниот дек на миниванот со голема маска и ЛЕД фаровите потсетува на лимузината Аурус Сенат.

Покрај овој модел , се планира и изработка на СУВ ,,Командант “ . Сите три возила се базирани на истата механичка платформа , а миниванот е развиен како можна конкуренција на сличните возила на Мерцедес и Фолксваген , кои се користат за превоз на политичари и ВИП личности.

Попался! Случайно, на вскидку, только одна более-менее резкая фотка. На мой взгляд самый интересный автомобиль проекта "Кортеж" или ЕМП, микроавтобус Aurus Arsenal. Его не было на московском автосалоне и шейхам эту машину почему-то не предлагают, хотя ФСО вовсю пользуется пару бусов . Я бы на месте ВВП на нем катался, не надо пригибаться на заднем сиденье , как в Senatе Вот бы посмотреть, что и как внутри. P.S. когда снимал, дети с заднего сиденья спросили: "Папа, нас не оштрафуют за то, что ты снимаешь?". В общем-то семейный универсальчик наваливающий из под моста в поворот за 7 мин до школьного звонка, с чекнутым папашей, пытающимся что-то там сфоткать, наверно то ещё зрелище. Больше так не буду😂 #ЕМП #кортеж #aurus #aurusarsenal #gatcha #cars #moscow #автоплюс #НАМИ #кремль #москва #аурус #bus #kremlin #newcar

A post shared by Pavel Fedorov (@vorodef) on

Моторот на возилото е 4.4 литарки твин турбо V8 , како дел на хибриден систем со јачина од 607 КС , со пренос преку деветобрзински менувач. Силата се пренесува на сите четири тркала.

Возилата на Кортеж ќе се користат за превоз на политичари од руската влада , а дел од производството се планира во 2019 да се најде во слободна продажба.

Се предвидува годишно да се произведуваат по 10 000 возила.

ДИК одлучи да има прегласување во Желино

Ќе се прегласува на едно избирачко место во Желино одлучи Државната изборна комисија.

Приговорот е на коалицијата Вреди од вкупно 10 за избирачки места кои се дел од шестата изборна единица како Тетово, Гостивар, Боговиње и Врапчиште поднесени поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите. Во шестката Вреди има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9.

-Дури 110 гласачи од ова избирачко место своето гласачко право ги имаат остварено со идентификација преку уредот за биометриска идентификација, која бројка е надминување на дозволениот лимит. – Сенат Амети – Претставник на Вреди

Сепак главната битка ќе се води во петката. Таму ДУИ доби околу сто гласа повеќе од СДСМ а со тоа и еден пратеник повеќе. Осум приговори за оваа изборна единица поднесе и ВМРО ДПМНЕ која во петката е блиску до уште еден пратенички мандат.

Седницата на ДИК по која се одлучува по приговорите членовите ја започнаа со меѓусебни кавги и обвнувања за опструкции. Потпретседателката на комисијата Дитмире Шеху која е член на комисијата од ДУИ, бараше да се отфрлат приговорите на коалицијата Вреди и на СДСМ, оти не биле поднесени од овластен поднесувач.

-Од ова може слободно да заклучиме дека приговорите на Влен не биле уредно доставени и согласно Изборниот законик се знае како се постапува понатаму со овие приговори. - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК

За мнозинството членови не беше спорно кој ги донел приговорите на шалтер во просториите на ДИК туку кој е потпишаниот поднесувач, по што дојде до расправија.

-Поднесување е овластување и потпишување од овластено лице. Да бидеме сериозни со вакви опструкции на работата на комисијата ве молам немојте да манипулирате. – Борис Кондарко – Член на ДИК

-Нема да толерирам навреди од член на ДИК, без разлика дали сум жена од друга националност. - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК

Социјалдемократите поднесоа пет приговори за избирачки места кои се дел од 6 ИЕ како Битола, Кичево и Струга. ДИК денеска треба да одлучи по сите поднесени приговори.

Ирска размислува за намалување на социјалната помош за барателите на азил и украинските бегалци

Ирска оваа недела ќе ја разгледа можноста за намалување на државната помош за бегалците и барателите на азил, вклучително и оние кои пристигнуваат од Украина. 

Ова го најави премиерот Сајмон Харис, кој има за цел да го приближи системот до практиката во другите европски земји.

Нешто повеќе од 100.000 Украинци побарале прибежиште во Ирска откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, додека бројот на баратели на азил од остатокот од светот е речиси тројно зголемен од нивото пред пандемијата на над 13.000 во 2022 и 2023 година. Годинава, бројот достигна 7.700.

Високите нивоа ја ставија миграцијата на врвот на политичката агенда за земјата со 5,3 милиони жители, која се бори да ги смести бегалците во време на криза за домување.

„Сигурно имам намера да направам промени во голем број области за да дадам поттик на она што според Ирците, недостига, што е здрав разумски пристап“, изјави Харис за радиото „Њуз ток“ пред утрешната седница на Владата. /МИА

Подољак: Новата руска Влада е создадена да ги крене воените капацитети

Новите министри во руската влада покажуваат дека Москва се обидува да ги зголеми воените напори и да ја реконфигурира економијата за да ги задоволи воените потреби, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

„Русија конечно почна да се изолира и ќе се обиде да ги зголеми воените напори и воените способности, а истовремено да ја реконфигурира економијата“, напиша Подољак на својот профил на Телеграм.

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши министерот за одбрана Сергеј Шојгу и го замени со економистот Андреј Белоусов.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата изјави дека Путин го назначил Белоусов на позицијата министер за одбрана бидејќи тој ресор треба да биде апсолутно отворен за иновации, воведување на сите напредни идеи и создавање услови за економска конкурентност.

Песков објасни и дека Шојгу, како новоименуван секретар на Советот за безбедност, истовремено ќе биде и заменик шеф на државата во комисијата за воено-индустрискиот комплекс и ќе ги надгледува активностите на Федералната служба за воено-техничка соработка.

Според Песков, Шојгу ќе продолжи да работи во областа што ја познава. /МИА

притисни ентер