Пленковиќ го разреши министерот за одбрана, кој предизвика тешка сообраќајка (ВИДЕО)

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредната прес конференција најпрвин му изрази сочувство на семејството на починатиот возач на комбето , во кое удрило возилото на министерот.

„Изразивме сочувство до семејството на градоначалникот г-дин Шариќ. Во контакт сме со сопругата на министерот Баножиќ“, рече тој.

„Го разрешив Баножиќ“, рече тој. Пленковиќ рече дека го овластил државниот секретар да ги извршува должностите на министерот за одбрана.

„Лицата кои се заштитени лица од втора категорија има правило дека можат сами да возат. Тој го управувал своето лично возило. Одел во приватна ситуација. Подобро е заштитените лица да ги возат професионалци“, рече тој.

„Ова беше ситуација кога тој возел сам за време на викендот и дошло до тешка сообраќајна несреќа“, рече тој.

„Жал ни е за загинатиот господин Шариќ, но жалиме и за господинот Баножиќ“, рече тој.

Дали се точни информациите што се појавија дека Баножиќ синоќа бил на забава и дали имало крвни наоди?

„Немам веродостојни информации. Навистина не знам каде бил синоќа. Немам такви информации“, рече тој.

Како што се дознава, Баножиќ тргнал на лов кога се случила несреќата. Во несреќата загинал 40-годишен маж од Привлака, татко на две деца. Окружниот државен обвинител објави дека Баножиќ го престигнувал камионот во магла и директно се судрил со комбето кое доаѓало од спротивната насока.

Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковци во 8:30 часот, а потоа бил префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек било пријавено дека Баножиќ е на одделението за интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност. Не се сеќава на несреќата, вели докторот, објави хрватски Индекс.

Анчелоти: Ова беше мојата најдобра сезона како тренер

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка за сезоната која е во завршница.

Реал Мадрид синоќа во натпревар од 37. коло на Шпанското фудбалско првенство го победи Алавес со 5:0.

- Тимот има многу таленти, многу млади луѓе и многу квалитетен тим. Овој клуб може да одбележи ера во иднина со оглед на вредноста на младите играчи кои ги имаме во моментов. Ова беше мојата најдобра сезона како тренер. Тимот се претстави фантастично во Ла Лига, достојно и без никаков сомнеж ја освоивме титулата. Сите чекаа наш пад, но до тоа не дојде. Среќни сме и на седмо небо. Но, треба да продолжиме бидејќи сè уште не сме го одиграле најважниот натпревар, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на клубот.

Реал Мадрид ја освои деветтата победа во низа во Ла Лига.

Тимот предводен од Карло Анчелоти, кој одамна ја обезбеди шампионската титула е лидер во поредокот со 93 освоени бодови.

Алавес е на 11. место со 42 бода.

Балетот „Заспаната убавица“ на фестивалот „Мајски оперски вечери“

На 52. „Мајски оперски вечери“ вечер од 20 часот на програмата е класичниот балет „Заспаната убавица“ на музика од Петар Илич Чајковски.

Диригент на претставата е Најер Нагуи - главен диригент на оркестарот на Операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко од Украина, асистент-кореограф - неговата сонародничка Тетјана Белецка, а сценограф и костимограф на балетот е Миодраг Табачки од Србија.

Во главните улоги ќе настапат Марта Петкова и Никола Хаџитанев од Софиската опера и балет кои се добитници на голем број престижни награди и признанија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

-Повеќе од 100 години оваа класична балетска бајка за вечната борба помеѓу доброто и злото ја одушевува публиката на најголемите светски сцени. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер, соопшти Националната опера и балет.

Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел

Американскиот Стејт департмент го информирал Конгресот за пакет помош оружје за Израел во вредност од милијарда долари, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.

Според нив, пакетот ќе вклучува тенкови, минофрлачи и оклопни тактички возила. Претседавачите и водечките членови на Комитетот за надворешни односи на Сенатот и Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД се оние кои ги разгледуваат главните договори за оружје со други земји.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека ја одложил испораката на бомби до Израел поради стравувањата дека тие би можеле да бидат употребени во голема офанзива против градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува офанзива врз Рафа без да ја гарантира безбедноста на цивилите.

притисни ентер