Платите растат, но не доволно!

Просечната месечна нето-плата во Македонија е најниска во Европа и во регионот, покажува неодамнешното истражување од „Демостат“.

Близу нас е и Албанија, а за нијанса подобри примања имаат србите.

Просечната плата таму е 442 евра, во Босна и Херцеговина изнесува 440 евра,во Црна Гора 512 евра, Хрватска 832 евра, Словенија 1.077 евра.

Граѓаните кај нас велат, месечните примања не се доволни. Не го задоволуваат животниот стандард.

Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1 отсто во однос на истиот месец лани, објави ДЗС. Изнесува 24 509 денари, и е повисока за 1600 денари на годишно ниво. Вчера, дека платите пораснале се пофали и Владата преку видео обраќање.

Според последните статистички податоци, програмерите се најплатени. Месечните примања неодамна им стигнаа до илјада евра. Втори на листа се вработените во воздухопловството. Најниски примања пак имаат секторите рибарство и аквакултура со просечна плата околу 12 200 денари.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер