Платформа за дигитални услуги и дигитална солидарност

Веб платформата, како што стои во соопштението, се состои од три различни видови дигитални услуги, кои го олеснуваат секојдневието на секој од нас, притоа овозможувајќи попродуктивно користење на слободното време поради достапноста на овие алатки.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ Скопје), поддржана од ФИТР како дел од јавниот повик „КРЕАТОН", изработи веб платформа за дигитални услуги достапни за сите граѓани на нашата земја, која има за цел да ги презентира сите можности што им стојат на располагање на граѓаните кои поради ограничувањето на движењето се останати дома, но од друга страна во целост ги презентира предностите што со себе ги носи дигитализацијата.

Веб платформата, како што стои во соопштението, се состои од три различни видови дигитални услуги, кои го олеснуваат секојдневието на секој од нас, притоа овозможувајќи попродуктивно користење на слободното време поради достапноста на овие алатки.

Првиот дел од веб платформата се состои од бесплатните алатки кои се достапни за сите граѓани, кои нудат можност да се едуцирате, да работите од дома, да следите културни настани, да се забавувате, а воедно и да бидете одговорни кон себе и вашите најблиски. Бесплатните алатки се категоризирани во неколку сегменти: Е-учење, Култура и уметност, Настани, Работа од дома и Спортски активности.

Вториот дел од веб платформата е наменет за сите оние кои сакаат да купуваат онлајн и ги содржи речиси сите е-продавници на територијата на нашата земја. Во овој дел сите граѓани имаат можност да пребаруваат домашните е-продавници според одредена категорија облека, се за дома, култура, убавина и здравје, храна и пијалаци и други категории, овозможувајќи на лесен и едноставен начин да се дојде до посакуваниот производ, притоа седејќи дома и целосно почитувајќи ги препораките од надлежните.

Третиот дел од веб платформата пак, се однесува на онлајн плаќањето на сметки за струја, вода, греење, телекомуникации и останати режиски трошоци на брз, лесен и едноставен начин.

– Како Асоцијација за е-трговија, се стремиме да влијаеме на менување на дел од навиките на граѓаните за користење на дигитални услуги на долг рок, што ќе ја олесни транзицијата кон дигитално општество и ќе овозможи полесно интегрирање со светските трендови. Веб платформата „Дигитални услуги за сите" има за цел, покрај да ги информира граѓаните на едно место за сите достапни можности кои можат да ги користат од дома, да го едуцира населението и да ги зајакне и зголеми нивните дигитални вештини, велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

На веб платформата е достапна и посебна алатка преку која секој посетител може да предложи конкретна бесплатна алатка да биде објавена и промовирана, без разлика дали станува збор за е-платформа за учење, алатка за работа од дома, онлајн курсеви, онлајн книги, филмови, музика и телевизиски содржини.

Од Асоцијацијата наведуваат дека сопственици или купувачи од е-продавница која не е дел од платформата може да поднесат барање преку контакт формата со цел да се прикаже саканата онлајн продавница и на тој начин повеќе луѓе да бидат информирани од каде може безбедно онлајн да купуваат и да ги користат предностите кои ги нуди дигитализацијата.

Јавниот повик „КРЕАТОН" е дел од иницијатива на ФИТР која има за цел справување со последиците од КОВИД-19 и истиот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ и МАСИТ. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

Ханија: Хамас го проучува примирјето „во позитивен дух“

Хамас во „позитивен дух“ го проучува предлогот за примирје, до кој се дојде со посредство на Египет, изјави денеска лидерот на палестинското движење, Исмаил Ханија.

Ханија во телефонски разговор со шефот на египетското разузнавање Абас Камел кажа дека преговарачите на Хамас ќе се вратат „што е можно поскоро“ во Египет за да ги завршат актуелните разговори за прекин на огнот.

Во моментов се чека одговорот на ова палестинско движење на предлогот за прекин на огнот, што предвидува примирје во израелските воени операции, проследено со размена на заложниците киднапирани за време на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, за палестинските затвореници кои ги држеше Израел.

Израелската влада, од своја страна, денеска го обвини Хамас дека го попречува договорот со тоа што одбива да направи отстапки.

-Единственото нешто што го спречува договорот е Хамас. Хамас само ги заострува своите услови и се крие зад неразумните барања, изјави портпаролката на израелската Влада, Ракела Карамсон.

Таа повтори дека Израел продолжува да се подготвува за голема офанзива на Рафа, град што се наоѓа на крајниот југ од Појасот Газа, и покрај противењето на меѓународната заедница. /МИА

Мицкоски од Тетово: Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста

 Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија.

„Живееме под едно небо, делиме исти проблеми, исти предизвици. Маката ни е иста, и копнееме по заеднички работи. Денес Македонија е држава каде управуваат стотина души кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат. Секој тендер поминува низ нивни раце, за секој бизнис процентот на добивка го определуваат истите луѓе. Тој артаноиден систем стана синоним за корупција и неказнет криминал. Систем на искривени вредности и непринципиелност која државата ја носи во пропаст“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Тетово.

Мицкоски додаде дека доаѓа ново време, се врти нов лист, нов почеток.

„Овде од Тетово објавувам дека веднаш по победата и формирањето на влада значаен процент од буџетот ќе оди за развој и решавање на децениските инфраструктурни проекти на Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и повеќе други општини од западна Македонија“, вети Мицкоски.

„Се обврзувам дека во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и на овие места овде. Подеднакво ќе градиме и работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека на народот му е доста од удирање на гради зборење за права, а во реалноста сето тоа да се сведе на крадење и тендери. Реално и со дела да се менува животот на луѓето и тоа идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи.

„За да се случи ова што ви го зборувам, на 8-ми мај мора да се заврши започнатата работа. Цунамито е кренато. Тоа цунами треба да удри на денот на изборите и да ја оддува забрефтаната од криминал власт. Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста“, порача Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на осми мај да излезат и да гласаат, време е да започнат промените во Македонија.

притисни ентер