Писонеро: Еврокомисијата го одобри Планот за реформи и инвестиции во Украина

Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии.

Европската комисија донесе Одлука со која даде позитивна оценка за спроведување на Планот за Украина, кој претставува сеопфатната стратегија за реформи и инвестиции во земјата за следните четири години, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

- Планот се базира на Украинскиот механизам и гарантира дека на Украина ќе и се овозможи финансирање за одржување на нејзината администрација во функција, за исплата на плати и пензии, за обезбедување на основни јавни услуги и за да ги поддржи обновата и реконструкцијата додека продолжува да се брани од руската агресија, изјави Писонеро.

Таа потенцира дека исплатата на 50-те милијарди евра предвидени со Механизмот во следните четири години, ќе зависи од имплементацијата на договорените реформи и инвестиции наведени во Одлуката, како и под услов Украина да продолжи да ги поддржува и почитува демократските механизми.

- Планот, исто така, обезбедува рамка за управување со обновата, реконструкцијата и модернизацијата на Украина и содржи соодветни механизми и аранжмани за заштита на финансиските интереси на ЕУ, преку обезбедување на ефективна имплементација, следење и известување, додаде Писонеро.

Комисијата проценува дека Планот за Украина е усогласен и избалансиран со целите на Украинскиот механизам за справување со предизвиците на Киев на патот кон членство во ЕУ и како одговор на потребите за обнова, реконструкција и модернизација на земјата, со што ќе се поттикне одржливи економски раст и ќе се привлекуваат инвестиции за засилување на потенцијалот за раст на државата на среден и подолг рок.

Планот идентификува 69 реформи и 10 инвестиции, поделени на 146 квалитативни и квантитативни показатели.

Реформите предложени во Планот за Украина опфаќаат 15 области, вклучувајќи ги енергијата, земјоделството, транспортот, зелената и дигиталната транзиција, човечкиот капитал, како и државните претпријатија, деловното опкружување, јавните финансии и децентрализацијата.

Целта на реформите е да ги подобрат макроекономската и финансиската отпорност и управувањето на Украина, да ги зголемат капацитетите и ефикасноста на администрацијата, одговорноста и интегритетот на судството, да го поддржат развојот на приватниот сектор и да создадат амбиент погоден за одржлив економски раст.

Инвестициите, пак, се наменети за областите на човечкиот капитал, енергијата, транспортот, земјоделско-прехранбениот сектор, деловното опкружување и регионалните политики.

Земјите членки на ЕУ сега имаат рок од еден месец за усвојување на оваа Одлука на Европската комисија. Усвојувањето на Одлука за спроведување на Планот ќе и овозможи на Комисијата да и исплати на Украина 1,89 милијарди евра во форма на предфинансирање, додека не започнат редовните исплати поврзани со спроведувањето на реформските и инвестициските индикатори утврдени со документот.

Хајди Клум блесна во кожени панталони, привлече внимание со чанта од 26.000 евра

Германскиот супермодел Хајди Клум се појави на снимањето на шоуто „America's Got Talent“ во Пасадена, во кое таа е член на жирито.

51-годишната поранешна манекенка и ТВ водителка се појави во црни кожени панталони, бела маица и црна јакна. Комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици, ланче и очила за сонце, а вниманието го привлече со раскошна чанта.

Станува збор за чанта „Hermès“, поточно моделот „Birkin Quadrille“, чија цена се движи од 27.500 до 30.000 долари (24.000 до 26.000 евра).

Да потсетиме, Хајди неодамна позираше на црвениот тепих со колешката од шоуто, актерката Софија Вергара, а со своите изданија мамеа воздишки. Инаку, Хајди е позната и како кралица на Ноќта на вештерките поради необичните костими, а неодамна објави видео во кое покажа дел од костимот за овогодинешната прослава.

Остин во разговор со Галант ја истакна потребата за дипломатско решение за заканата од Хезболах

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно денеска разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Остин ја „повтори својата загриженост“ поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах, се наведува во соопштението, и ја нагласи вербата на САД во „важноста од постигнување дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите безбедно да се вратат во своите домови од двете страни на границата“.

Тој му рекол на Галант дека САД продолжуваат да вршат притисок за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ја потврдил посветеноста на САД за безбедноста на Израел. /МИА

Германија поднесе кандидатура за домаќин на женското ЕП 2029 во фудбал

Германија е кандидат за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2029 година, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф изјави дека германската кандидатура е „главен проект“ на федерацијата и дека ќе му даде „дополнителен поттик“ на женскиот фудбал во Германија.

Противкандидати на Германија за организација на завршниот турнир се Португалија, Данска и Шведска.

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално ќе го објави името на земјата домаќин во 2025 година.

Генералниот секретар на ДФБ, Хајке Улрих, ја смета Германија за „сигурен домаќин со одлична стадионска инфраструктура и одлична соработка меѓу градовите домаќини и локалните власти“.

Германија беше домаќин на Европското првенство за мажи во 2024, а го организираше ЕП за жени во 1988 година, во Западна Германија и во 2001 година. /МИА

притисни ентер