Пинк испадна подобра актерка од Гвинет Палтроу?

Гвинет Палтроу и Пинк заедно го снимија филмот „Thanks For Sharing". Соработуваа добро, Гвинет дури ја зеде несигурната Пинк во своја заштита, се додека критиките не кажаа нешто што на Гвинет не и се допадна!

Имено, Пинк не криела дека е на туѓ терен и дека не се чувствува сигурно во актерството. Но, кога филмот беше прикажан, таа доби многу позитивни коментари за тоа како го доловила ликот, што на Гвинет не и се допадна.

- Кога Пинк дојде на снимањето на филмот на себе не гледаше како на професионална актерка, па дури се шегуваше дека ќе пречи на сетот. Тогаш Гвинет ја зеде под свое и добро се согласуваа.Проблемот настана по снимањето на филмот, кога токму Пинк доби позитивни оцени за својата глума во филмот, па нејзината пријателка и менторка Гвинет, наместо да биде среќна, одлучи поради очигледна љубомора да престане да се дружи со неа. Дури ја нарече валкана и нељубезна девојка - вели извор за National enquirer.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер