Пикник – промоција на „Здраво Скопје"

 Во Градски парк денеска ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за главниот град на земјава – „Здраво Скопје". 

Водичот е посветен на Скопје од минатиот век до денес и ги содржи сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет е и за млади и за стари, за носталгичари, туристи и истражувачи кои сакаат да го запознаат вистинскиот дух на Скопје.

Книгата е дело на авторското дуо Кокидо, зад кое се потпишуваат Александра Шаровиќ-Атанасовска, автор на наградуваниот концепт ПланУМ и Ружица Мандичевска-Руки, една од најзначајните македонски илустраторки. Авторките моментно живеат и работат во Белград и Лондон.

„Здраво Скопје" нуди и интерактивна мапа на која се означени најзначајните локации. Интересен дел од книгата се и рубриките кои ги претставуваат духот и обичаите на градот. Преку семејните традиции за заеднички ручек, начин на комуникација, игра, рекреација, говор, стил на облекување и живеење, се доловува позитивна атмосфера на заедништво и соживот кои Водичот особено ги истакнува и вреднува.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

Николоски од Прилеп: Очекувам во 4 изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници

Би сакал да ги поканам сите жители на 4-тата изборна единица и на цела Македонија, а особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, од општината Кукуречани, општината Могила, Новаци, Битола да ни се приклучат вечерва тука на плоштадот .

Би сакал да ги поканам сите жители на 4-тата изборна единица и на цела Македонија, а особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, од општината Кукуречани, општината Могила, Новаци, Битола да ни се приклучат вечерва тука на плоштадот во 20:30 часот и заеднички да ја затвориме досега најуспешната кампања за ВМРО-ДПМНЕ.

Не случајно тоа го правиме во Прилеп. Затоа што Прилеп е од огромно значење за сите нас, и ќе следи голем инвестициски циклус по завршување на изборите во кој што ќе се решат бројни инфраструктурни прашања во самиот град и во населените места кои што гравитираат кон градот. Градот инфраструктурно ќе се врзе со реална изградба на експресниот пат Прилеп – Градско, а не со монтирани видеа со вештачка интелигенција. Ќе се изгради и автопат од Прилеп до Битола и Меџитлија, пругата ќе стане многу побрза и многу покористена помеѓу Прилеп, Битола и Солун.

Ќе доаѓаат и странски инвестиции, ќе се стимулираат домашните. И многу битно ќе има одговорност за сите што прават криминал и во Прилеп, и во Македонија.

Кампањата помина за нас исклучително успешно. Очекуваме масовна референдумска излезност во среда на осми мај. И ги повикувам сите граѓани да излезат и да гласаат. Потребна е најголема излезност досега за најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за Христијан Мицкоски премиер, за Гордана Силјановска Давкова претседател на Македонија и за Влада која што нема никој да ја уценува.

Затоа посакуваме 61 пратеник, а ќе си дозволам еве првпат пред медиумите да кажам што очекувам во 4-тата изборна единица, досега во кампањата тоа не го кажувам експлицитно и очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои најмногу пратеници досега и најмногу гласови досега, а тоа е зависно и од малце среќа и од Донтовата формула да имаме помеѓу 13 - 14 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Данскиот крал Фредерик Десетти во прва официјална посета на Шведска

Данскиот крал Фредерик Десетти и неговата сопруга кралицата Мери денеска ја посетија Шведска, што е нивна прва официјална посета во странство откако станаа монарси во јануари годинава.

Кралската двојка беше свечено пречекана во Стокхолм од принцезата Викторија и нејзиниот сопруг Даниел, како и шведскиот крал Карл Шеснаесетти.

Со данските монарси во посета на Шведска се и данските министри за одбрана и за надворешни работи, а најавен е состанок со шведскиот премиер Улф Кристерсон и со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен.

притисни ентер