Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)

Вулканот Пакаја, кој се наоѓа во јужна Гватемала, е еден од трите активни вулкани во тој дел од земјата.

Неговите ерупции се гледаат од главниот град кој е оддалечен дваесетина километри. Туристите често ја посетуваат оваа локација, а посебно внимание привлекува пица мајсторот Дејвид Гарсија, кој ја подготвува познатата „вулканска пица“.

Имено, првата пица ја испекол во топла рерна на температура од 430 степени. Тој вели дека по неколку минути добил толку добар вкус што решил да развие метод на вулканско печење пица, а набрзо овој специјалитет станал вистинска туристичка атракција. Гостите меѓу вулканските карпи во редица чекаат пица, која Гарсија тенко ја растегнува на плех, а потоа ја става врз жешката лава што тече.

Температурата е најголемиот предизвик бидејќи, според Гарсија, таа варира од 800 до 1000 степени, што ја прави неговата „фурна“ за пица најжешка на светот, а секогаш постои ризик, вели тој, пицата да исплива од лавата.

„Продавав сè, од сладолед до зеленчук, но никогаш не мислев дека вулканот ќе биде почетна точка на мојот кулинарски успех“, рекол Дејвид, пишува „Њујорк Пост“.

Покрај тоа што тестото и состојките лесно можат да изгорат, подготовката и јадењето вкусна пица на активен вулкан носи одредени ризици.

„Во една прилика вулканот испушташе многу сулфур, па се спуштивме до базата. Ми течеше крв од носот, па паузирав 15 дена“, откри пица мајсторот.

„Дури кога почнав да ја јадам пицата, сфатив дека тоа е активен вулкан. Можеби тоа не беше најбезбедното искуство на моето патување, но пицата имаше навистина одличен вкус“, изјави американскиот турист Соџурнер Вајт.

Зоран Кардула автор на логото „80 години Македонски народен театар“

Македонскиот уметник Зоран Кардула го создаде логото „80 години Македонски народен театар“ по повод 80-годишниот јубилеј на најстарата национална професионална театарска институција Македонски народен театар (МНТ).

- Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот - 80 години. Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери, се вели во соопштението.

МНТ, како што се наведува, се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред се насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.

Фото: Српска пејачка ужива во топлес

Русокосата Ивана Бум Николиќ важи за една од најубавите пејачки од српската естрада. 

Таа често се фотографира во провокативни пози, а нејзиниот Инстаграм е полн со коментари од нејзините следбеници.

Популарната Ивана отпатува на жешките Кариби каде ги почести фановите со топлес слики.

Имено, пејачката ужива на Карибите, од каде упати поздрав до своите следбеници, додека ужива на терасата на еден од луксузните хотели таму.

Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати

Претседателот на Сенатот на Казахстан Маулен Ашимбаев изјави дека причините за вчерашната авионска несреќа на азербејџанскиот „Ембраер 190“ во близина на градот Актау сè уште не се познати.

- Ниту Азербејџан, ниту Русија, ниту Казахстан имаат интерес да ја кријат вистината. Сите достапни информации ќе бидат споделени со јавноста, изјави Ашимбаев.

Според досегашните информации, 38 лица загинаа во несреќата. Авионот летал од Баку кон Грозни, а во него се наоѓале 67 патници.

Претходно денеска, директорот на украинскиот Центар за борба против дезинформациите, Андриј Коваленко на Телеграм објави дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден од руската противвоздушна одбрана.

притисни ентер