Потребни состојки: околу 500 гр.брашно, 1 чаша минерална вода, ½ коцка свеж квасец, 50 мл. масло, малку шеќер, малку сол, 200 гр. кашкавал, 50-100 гр. шампињони, 1 пиперка,1 домат, малку тиквичка, неколку тенки парчиња сланина, половина главица кромид, неколку чешни лук, неколку маслинки и зачин по вкус.
Постапка:
Во подлабок сад се става млака минерална вода во која се растопува квасецот.
Се додава: шеќер, сол и масло и состојките добро се мешаат со рака.
Потоа постепено се додава брашно и се замесува тесто.
Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои 30 минути.
Од тестото се формира круг и се става во тепсија.
Ренданиот кашкавал се распределува на целата површина.
Сечканиот домат се распределува на целата површина.
Одозгора се ставаат сечкани шампињони, сечкана пиперка и сечкана тиквичка.
Потоа се става сечкан кромид и сечкани маслинки
Одозгора се ставаат тенко сечени парчиња сланина.
Пицата се пече околу 10-15 минути во загреана рерна.
Откако ќе се испече веднаш се додаваат неколку чешни сечкан лук и се зачинува со оригано.
На крај пицата се премачкува со масло.