Пежо го претстави новото комерцијално возило E-Rifter (ФОТО)

Peugeot го претстави обновениот E-Rifter.

Иако минибусите речиси исчезнаа од автомобилската сцена, некои производители сè уште ги нудат. Stellantis овде е многу јасен и својата понуда ја базира на т.н повеќенаменски MPV модели. Така може да понуди примерно возило за испорака, но и авантуристички семеен модел за сите оние кои имаат приоритет за просторноста.

Секако, кога станува збор за Peugeot, тоа мора да се направи со стил. Затоа Rifter како наследник на Partner отсекогаш се истакнувал, а сега по редизајнот ја издигнува естетиката на повисоко ниво. Тоа е електричниот E-Rifter, кој навистина е само патничка верзија на E-Partner.

Однадвор, сепак, се дистанцира со различен преден дел со нови светла. Покрај тројните дневни светла, во новообликуваниот браник има целосно затворена предна табла и изразени доводи за воздух. Ако на сè додадеме пластични облоги, јасно е дека Peugeot го рангира овој модел блиску до понудата на кросовери. Фејслифтот носи и две нови нијанси - Sirkka зелена и Kiama сина.

За потсетување, во понуда се две верзии, пократка со 4,4 метри и подолга растегната до 4,7 метри. Двете верзии доаѓаат со две странични лизгачки врати и можност за отварање на задното стакло посебно на капакот на багажникот. Има и опција за внатрешен дизајн со 7 седишта, со капацитет за товарен простор кој во зависност од бројот на седишта оди и до 4 кубни метри.

Нешто неочекувано, Peugeot не ја покажува внатрешноста, но во соопштението го споменаа новиот i-Cockpit со 10-инчен инфозабавен екран. Нов е и воланот обложен со кожа, а на списокот на опрема има безжичен полнач и 3 USB конектори.

Можеби најизненадувачкото е што E-Rifter ја задржува старата конфигурација на погонот со електричен мотор од 136 КС (i270 Nm) и батерија со капацитет од 50 kWh. Достигнува 100 km/h за 11,2 секунди и може да повлече до 135 km/h. Важно е да се спомене дека со инсталирање на топлинска пумпа и нов регенеративен систем за сопирање, досегот скокна од 280 на 320 km. Максималната моќност на полнење е 100 kW, во тој случај полнењето до 80% трае половина час.

Да кажеме и дека засега нема информации за конвенционалната понуда во форма на 1,2 бензински и 1,5 BlueHDI дизели, кои беа повлечени од понудата минатата година. Ако остане вака, Peugeot сепак ќе може да се пофали со фактот дека ова е најевтиниот седумсед со електричен погон на пазарот.

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече  палестинскиот претставник.

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече палестинскиот претставник.

Израел сака договор што ќе ослободи барем некои од околу 130-те заложници кои сè уште ги држи Хамас, но израелски официјален претставник вчера истакна дека основната позиција не е променета и дека Израел „под никакви околности“ нема да се согласи на договор за ставање крај на борбите кои ги води со цел да се разоружа и трајно да се уништи Хамас.

Друг палестински функционер потврди дека разговорите се „пред предизвик затоа што Израел одбива да се обврзе на сеопфатно примирје“, но додаде дека делегацијата на Хамас сè уште е во Каиро со надеж дека посредниците би можеле да извршат притисок врз израелската страна да ја промени својата позиција.

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска.

притисни ентер