Peugeot Active Drive!

Од Еуроимпекс најавуваат целосно нови, летни цени за двата најпосакувани модели од брендот Peugeot!

Peugeot 208 - компактно градско возило кое се издвојува од останатите во сегментот. Освојува со својот динамичен и елегантен дизајн, посакуван од секој учесник во сообраќајот.

Peugeot 2008 - најмал во гамата на SUV возила, а истовремено урбано и моќно возило, се издвојува од толпата со неговиот самодоверлив дизајн и е создаден да совлада сè!

Двата модели се понудени со докажаниот 1.2 Pure Tech Мотор со 82 КС и Active ниво на опременост.

Со цел на исполнување на слоганот кој го носи оваа кампања ИМА СÈ, во опремата се вклучени богати системи за безбедност и помош при возење, дополнителни елементи за удобност и комфор на возачот и патниците, како и: патен компјутер • Автоматско заклучување на возилото при тргнување • Висинско подесување на возачко седиште • Преклопна и деллива задна клупа 2/3 - 1/3 со 3 наслони за глава, 2 ISOFIX приклучоци за седиште • Рачки и ретровизори во боја на возилото • Hill Assist • Заден споилер • Електрично подесиви ретровизори со греење • 3D LED задни светла • LED дневни светла • Мануелен клима уред • Touch screen + 6 звучници + команди на управувач + USB + Bluetooth + USB и AUX излез • Управувач пресвлечен со кожа • Предни светла за магла и др.

Побрзајте – количините се ограничени!

За повеќе информации обратете се во продажно-сервисната мрежа на Peugeot или на www.peugeot.com.mk и закажете тест возење.

Повеќе за понудата на: https://peugeot.mk/ponudi/active-drive

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

притисни ентер