Петров од трибината Агенда 20-24 : Потребно e сите заеднички да го создадеме македонскиот "green deal"

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на програмската трибина на СДСМ  во Тетово на којашто се дебатираше за мерки за намалување на загадувањето на воздухот, потенцираше дека мораме сите заеднички да работиме на долгорочно решение. 

Загадувачите мора да се казнат, заклучи Петров и додаде дека ерата на неказнивост завршува.

"Буџетот на МЖСПП мора да се зголеми.Со ова процесот на трансформација на јавните објекти и домаќинствата на незагадувачко греење ќе биде побрз.Повеќе инспектори на терен за да се спречува палења на стрништа, горење кабли за бакар, недозволено фрлање отпад, рече Петров подвлекувајќи ги поентите на учесниците.

Меѓу нив како предлог мерка е и воведување на постојана 24 часовна контрола на загадувачите и сите мали и средни капацитети од страна на државниот инспекторат за животна средина и локалните инспекторати, во соработка со граѓанскиот сектор преку воспоставување на граѓански зелени еко патроли како и вонредни контроли на сите издадени интегрирани еколошки дозволи и лиценци во животната средина, со особен акцент на загадувањето на воздухот и управувањето со отпад рече Петров и додаде дека се потребни поголеми инвестиции во животната средина за да им помогнеме на граѓаните да ги реновираат своите домови со што би трошеле помалку енергија, за да ја поддржиме индустријата да биде лидер во зелената економија, да имаме поефтини и поздрави форми на јавен превоз и алтернативен транспорт, да произведуваме енергија која нема да влијае на климатските промени.

Петров најави дека целта е до крајот на 2025 година минимум 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Македонија да се преработи или да се употреби за добивање енергија, а до крајот на 2025 година минимум 55%, а максимум 80% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден и собран на територијата на Македонија да се рециклира.

Прашањето со загадувањето е според мене една од најважните теми за што е потребно да се седне на заедничка маса за изнаоѓање на решение" заклучи потпретседателот Коста Петров,се наведува во соопштението на СДСМ.

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска.

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

притисни ентер