Петар Стојанов е „Најдобар млад научник“ за 2013

Биоинформатичарот Петар Стојанов со научна кариера во САД, вработен на факултетот по Медицина на Харвард, е годинешниот добитник на признанието „Најдобар млад научник“ за 2013 година што го доделува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Во обраќањето вечерва на свеченоста на која присуствуваа министерот за образование и наука Спиро Ристовски, истакнати припадници на академската фела, членови на семејството и други гости, претседателот Иванов потенцира дека како еден од проектите воведени на почетокот од неговиот мандат наградата ги оправда очекувањата за стимулирање на македонската наука и младите македонски научници.

- Годинава наградата „Најдобар млад научник“ ја доделуваме на досега најмладиот добитник, Петар Стојанов кој има неполни 26 години. Пред него се години и години научна работа. Со самото тоа што своето образование и професионалната кариера Стојанов ја минува во САД, покажува дека за квалитетот и за отворениот ум не постојат граници и бариери. Се надевам дека покрај интернационалната кариера ќе имаме можност многу почесто да го гледаме и во неговата матична земја, Република Македонија, подвлече Иванов.

Според него, Република Македонија има голем потенцијал во сите научни области, но потребно е во него да се инвестира.

- Оттука, треба да направиме се младите научници да ги заземат своите места во образованието, институциите, компаниите, во кои ќе можат најмногу да придонесат сос својата научна работа, порача претседателот Иванов.

Младиот научник Стојанов изразувајќи благодарност истакна дека наградата е од големо значење за промовирање на науката и поттикнување на младите научни умови во земјава, а за него е и мотив повеќе да придонесе за напредок на науката и образованието во Македонија.

- Учеството во научниот процес на светско ниво е прекрасна дејност, исполнета со интердисциплинарна соработка, елегантна методдологија, продлабочено знаење, компетитивност, и што е најважно - возбудливи пронајдоциод огромно потенцијално значење за општеството. Иако сум само во почетните фази од моето научно искуство, пресреќен сум што имав можност да придонесам за унапредување на моето поле на интерес, рече Стојанов.

Петар Стојанов по средното училиште РЈ Корчагин во Скопје, образованието го продолжил и дооформил во САД. Член е на една од водечките групи во областа на бионформатиката, која се занимава со развивање нов пристап во анализата на карциномот, што претставува револуционерен пристап во основните познавања на оваа болест. Работи на Медицинскиот факултет на Харвард Универзитетот. Досега има објавено трудови во врвни научни списанија. За последните три години коавтор на вкупно 23 научни труда.

Стојанов признанието кое се состои во диплома и парична награда, го понесе во конкуренција на 17 апликанти кои конкурирале на Конкурсот за „Најдобар млад научник“ за 2013 година. /МИА

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер