Петар Наумовски нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија

Петар Наумоски и официјално е новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој е избран едногласно на Собранието што се одржа попладнево во хотелот Александар Палас во Скопје, каде беа присутни сите 28 претставници со право на одлучување.

Легендата на македонската кошарка Наумовски, на почетокот на Собранието за противник кандидат го имаше досегашниот член на УО на МКФ, Абдураим Бајрактари, кој иако беше поддржан од 10 члена, поради незапазување на процедурата се повлече од трката за претседател.

Откако стана јасно дека популарниот Пеце останува единствен кандидат за претседател тој ја доби довербата на сите 28 членови на Федерација.

Пред гласањето двајцата кандидати ја презентираа својата визија, односно програма според која во иднина треба да се движи мак-баскетот, се со цел за враќање на кошарката на вистинските патеки.

Како што нагласи новиот претседател Наумовски, главна цел во неговата програма ќе биде враќање на угледот од пред одредено време. Преку воведување на национална програма и стратегија да се зголеми грижата и едукацијата пред се на младите и идни кошаркарски генерации, кои според Наумоски веќе подолг период се оставени сами на себе, односно, подзаборавени од Федерацијата.

Новиот претседател најави и искоренување на непотизмот кој години наназад владее во одредени тела, организации кои се составен дел од МКД, но пред се во младинските селекции.

Наумоски најави дека нема да има прогледување низ прсти на клубовите, претставниците или било кој друг чинител во кошарката и дека тие кои нема да ги почитуваат правилата и актите на Федерацијата ќе бидат најстрого санкционирани, без разлика на реномето и постигнатите успеси во минатото.

Воедно, Наумоски се произнесе и по прашањето на Здружението на кошаркари, потенцирајќи дека негово размислување е дека бројот странци во мак-баскетот треба постепено да се намалува.

За реализација на оваа цел, Наумоски предложи и нов Управен одбор, во кој покрај него и Абдураим Бајрактари, ќе бидат и Илија Пенов, Сашо Босилков, Сашо Дракуловски, Тони Трајков, Даниел Воиновски, Александар Свртинов, Сречко Трајковски, Ристо Јаневски, Благоја Георгиевски - Буштур, Горан Ѓорѓиевски, Пејчо Илиев Баџо, Анатол Кутревски...../МИА

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер