Пешевски: „Дрекслмајер“ ја потврдува успешноста на владините економски политики

Многу е импресивно да видиме што се случува тука последниве 12 месеци и импресионирани сме од ситуацијата и задоволни од вработените, рече денеска Карл Валнер, член на одборот на директори на групацијата Дрекслмајер. Тој е во фабриката на германскиот производител на делови од автомобилската индустрија во Кавадарци каде во моментов работат околу 4.000 работници.

„Се надеваме дека и тие се задоволни од нас, како што сме задоволни и ние од тоа што работат за нас. Добиваме огромна поддршка од политичките институции, од Царината од ТИРЗ и од сите вас и сме благодарни што ве имаме вас како помош и за тоа што не повикавте да дојдеме тука и што дојдовме во Македонија“, рече Карл Валнер.

Фабриката на Дрекслмајер во Кавадарци е најголемата и највредна инвестиција во државата која вкупно чини 50 милиони евра, во објекти и опрема. Дрекслмајер инвестираше 35, а останатите средства се на локални добавувачи, рече вицепремиерот Пешевски. Тој потенцираше дека со вработувањето на работници, од Тиквешкиот регион, од Велес,Градско, Валандово и од наредната недела со првите 200 од Прилеп се креира рамномерен економски развој на регионот.

„Со површина од 50 илјади м2, изградена од домашна фирма и најголема според бројот на вработени оваа фабрика има огромно стратешко значење“, вели министерот Самак. Од оваа фабрика директно на германскиот пазар се доставуваат делови за новата Мерцедес Ц- класа.

Агенцијата за вработување има соработка со Дрекслмајер од самиот почеток на работата на фабриката во Кавадарци.

Самото присуство на Дрекслмајер, како и на Кромберг и Шуберт во земјава успеа да ја привлече туниската компанија Кофикаб, која е директен доставувач на овие компании, да инвестира 10 милиони евра и во текот на 2014 година да изгради капацитети за екструзија на кабли одма до фабриката во Кавадарци.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер