Перез ќе го задржи своето место во Ред Бул до крајот на сезоната

 Возачот на Формула 1, Серхио Перез, нема да го напушти тимот на Ред Бул до крајот на сезоната.

Според „The New York Times“ во тимот се разговарало за промени во составот на пилотите. Како резултат на нивните преговори, одлучено е Перез да се задржи барем до крајот на тековната сезона.

Претходно шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер ги демантираше информациите за смена на Перез.

Се појавија информации дека возачот на РБ, Даниел Рикиардо и резервниот возач на Ред Бул, Лиам Лосон ќе спроведат тестови кои ќе бидат клучни за одредување на составот на тимот.

Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија

Албанското министерството за земјоделство и рурален развој информираше дека се потврдени повеќе случаи на африканска свинска чума во фарма во Лежа.

- Управната единица Шенѓин при увид извршен деновиве констатира дека во село Ишул кај Лежа се угинати 15 од вкупно 71 свиња колку што поседува сопственикот на фармата. Угинатите животни веднаш се закопани, околината е дезинфицирана, сњ наведува во соопштението.

Се додава дека според утврдениот протокол земени се мостри, чија анализа потврдила дека станува збор за африканска свинска чума.

Министерството презело мерки за спречување на ширењето на болеста. Една од нив е забрана за продажба и промет на живи свињи на отворени површини и пазари на територијата на општина Лежа и надзор на другите фарми во ова подрачје на северозападна Албанија.

Шукова: Дебакл на кошничките на власта, милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните

Политиките на власта со така наречени кошнички доживеа дебакл и сите најави сега за некакви корекции се само уште една манипулација. 

Наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички“. Основните производи поскапеа наместо да поевтинат и станаа луксуз за граѓаните, власта дозволи буквално грабеж. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност, токму пред новогодишните празници. Прашањето е – што им должеше Мицкоски на трговците за да дозволи ваква пљачка врз грбот граѓаните?

Само за шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши драматично. Мицкоски се грижи за елитата и бизнис интересите, додека народот плаќа висока цена, рече Каја Шукова потпретседателка на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот

Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот.

Нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни.

СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб.

За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот.

Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес, се наведува во партиската реакција на пресот на Каја Шукова од СДСМ..

притисни ентер