Переци

Да ти кажам право, переците се мистерија. Дали знаеш некој, кој со сигурност ќе ти каже, дека ги разбира переците?

Тоа е едно искрено и едноставно пециво, со комплициран дел. Е, баш тој комплициран дел, всушност го прави перекот, перек.

Постои една теорија дека се направени во облик на прекрстени раце, а постои и друга теорија која вика дека во нив се крие тајната на вонземјаните и нивните цивилизации, квадратурата на кругот и конечниот број ПИ. Ако мене ме прашуваш, переците се како луѓе. Сите сакаат да бидат сфатени, сакани и едноставни, но секој си има некој чвор.

Переците, поради некоја причина, во секунда го поправаат расположението. Ако не си се смеел долго, направи переци. Ако паѓа дожд, а тебе ти се сака сонце, направи переци. Можеби нема да ги откриеш тајните на универзумот или квадратурата на кругот, но од рерната, заедно со переците, ќе извадиш и малку радост.

Никој не е сосема сигурен зашто. Можеби поради чашката ракија додадена во тестото, а можеби и затоа што наизглед комплицираните переци не враќаат во некое поедноставно време.

Состојки:

250 gr екстра Бело брашно од Жито Лукс

Вода 150гр. млака

Сол 1 лажичка

Путер мек 1 лажица

Сув квасец 1 лажичка

1 ? лажичка темен кафеав шеќер

Ракија 60мл. (30 мл. за переците и 30 мл. за шефот)

Kрупна морска сол

Mортадела 200гр.

Kрем-сирење 300гр.

Сода 1кг.

Зејтин 1л.

3 Јајца

Подготовка:

Ги ставаш шеќерот и квасецот во вода. Мешаш со жица да се растопи шеќерот. Оставаш 5 минути да се развие квасецот. Квасецот е среќен.

Во длабок сад за месење го сипуваш брашното, солта, путерот и се мешаш со рака. Лева или десна, по желба. Во центарот правиш дупка и додаваш вода во квасецот и шеќерот, а од страна покриваш со брашно. Отстојува 30-тина минути.

Потоа се замесува меко тесто. Меко како душа. Месиш околу 10 минути.

По месењето, тестото се остава да стасува во стаклен сад покриен со стреч фолија. Откога ќе стаса, го истиснуваш насобраниот воздухот. Да издише.

Го делиш топчето на 4 еднакви делови. Ги покриваш со влажна крпа.

Ролаш 4 долги “црви” од околу 30-тина сантиметри и ги оставаш да одморат под крпата.

Потоа ги досукуваш, и правиш уште подолги “црви” од 50-60 сантиметри. Ја потпевнуваш “Не се бели Маре мори, не се црви…”.

Ги “плетеш” переците и ги ставаш на тепсија. Ги покриваш со големи најлони и оставаш да растат околу 45 минути.

Потоа одат во замрзнувч да се замрзнат околу 2 часа. Минимум е 30 минути, а може да одат и на целовечерна.

Во тенџере подготвуваш 1,5л. вода со 1/3 од шолја сода и чекаш да зоврие.

На смрзнатите переци од фрижидерот, им приредуваш изненадување. Секој перек го спушташ со француска лажица во зовриената сода вода, и повторно назад на плехот. Така збунети, смрзнати па провриени, ги премачкуваш со жолчка од јајце и наросуваш со крупна морска сол

Се печат 12-15 минути на 200 степени без вентилатор.

Се мислиш зашто не подготви 8 перека, туку само 4.

Одбираш еден ил’ два, ги сечеш на половина, мачкаш со крем сир и редиш мортадела.

Ти си сега среќна личност!

Дрвата за греење и сообраќајот најголеми загадувачи на воздухот во урбаните средини

Министерот за животна средина Изет Меџити смета дека трајно решение за проблемот  со аерозагадувањето во земјава е гасификацијата како и во набавката на нови еколошки автобуси.

Воздухот во Струмица, Струга, Куманово, Кавадарци и Гостивар е постојано загаден, летно време за тоа придонесува сообраќајот и минералната прашина, додека во зимските најголем причинител за екстремно аерозагадување е согорувањето дрва но и отпадни материи во релативно неефикасните и стари печки во текот на зимските месеци, како начин за затоплување на домовите.

Ова го покажува едногодишниот мониторинг и анализа на повеќе од 1000 примероци во сите пет општини.

Професорот Марковски нагласи дека вакво истражување било направено и за Скопје, не не е сигурен дали добиените податоци се преточени во мерки за справување со проблемот.

Министерот за животна средина Изет Меџити смета дека трајно решение за проблемот со аерозагадувањето во земјава е гасификацијата како и во набавката на нови еколошки автобуси.

Неодамна министерот Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, во пресрет на новата грејна сезона најавија контрола на издадените еколошки дозволи на производните капацитети ширум земјава.

Кремљ го обвини НАТО за подгревање на тензиите со годишните вежби за нуклеарно одвраќање

Кремљ го обвини НАТО дека ги подгрева тензиите околу војната во Украина со неговата годишна вежба за нуклеарно одвраќање, што почнаа денеска, пренесе ДПА.

-Во контекст на жестоката војна што се води во Украина, ваквите вежби само водат до натамошна ескалација на тензиите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руските медиуми, додава германската агенција.

Во последните 2,5 години Русија постојано спроведува свои нуклеарни маневри и се заканува дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку се преминат одредени црвени линии.

НАТО ја започна својата вежба „Steadfast“ денеска на пладне, што ќе трае во следните две недели и на која учествуваат околу 2.000 војници и офицери од осум воздушни бази.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна нареди промена на нуклеарната доктрина на земјата која ќе дозволи употреба на нуклеарно оружје дури и доколку Русија се почуствува загрозено од употребата на конвенционално оружје.

Овој потег има за цел да го одврати Западот да и дозволи на Украина да го користи испорачаното оружје со долг дострел за напади врз воени цели длабоко во Русија.

Песков рече дека Русија смета дека се неопходни преговори за намалување на потенцијалот за нуклеарно

-Меѓутоа, бидејќи нуклеарните сили САД, Велика Британија и Франција во моментов се вклучени во војната поради нивното снабдување со конвенционално оружје за Украина, тоа е невозможно, рече тој.

Во минатото, Путин предупредуваше на нова трка во нуклеарно вооружување и предложи разговори меѓу големите нуклеарни сили за нови иницијативи за разоружување, потсетува ДПА.

Мицкоски: Германија останува наш силен поддржувач

Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Тој на маргините на состанокот имаше низа билатерални средби, вклучително и со германскиот канцелар Шолц.

-Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, изјави премиерот Христијан Мицкоски по низата билатерални средби.

притисни ентер