Пензионер завршил во притвор , откако 24 000 пати се јавил во службата за телефонски корисници (ВИДЕО)

Еден 71-годишен јапонски пензионер неодамна беше уапсен и обвинет за попречување на бизнисот, откако тој, наводно, во последните две години го повикал бесплатниот број на неговиот телекомуникациски оператор 24.000 пати за да се пожалил за услугите.

Само во октомври, Акитоши Окамото, од градот Касукабе, наводно, го повикал јапонскиот телекомуникациски гигант КДДИ на бесплатниот број 411 пати за една недела за да се пожали дека неговиот телефон не бил во можност да фаќа радио сигнал.

Во последните две години, КДДИ регистрираше околу 24.000 повици од Окамото, или просечно 33 телефонски повици на ден, но корпорацијата поднела тужба против него дури минатата недела, кога фреквенцијата на поплаки станала премногу неподнослива.

Стотиците повици од 71-годишникот во текот на една недела, наводно, им ја опструирало можноста на вработените да им помогнат на другите клиенти на компанијата. Бидејќи не знаеле што да сторат, тие ја повикале полицијата да им помогне да ја решат ситуацијата, пренесува Oddity Central.

Според јапонските медиуми, Окамото понекогаш го повикувал бројот за поддршка само за да ги замоли да „дојдат и да се извинат за непочитување на договорот и неправедните деловни практики“.

Окамото е уапсен и во моментов е под истрага. Тој е обвинет за попречување на деловно работење, јапонски криминал што генерално се дефинира како мешање во способноста на некој редовно да работи.


Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер