Пентагон официјално објави три видеа со НЛО

Пентагон официјално објави три кратки видео снимки кои покажуваат „неидентификували летечки објекти“ кои претходно биле објавени од приватна компанија, пипува „Си-Ен-Ен“.

Објавени се снимки од неидентификувани летачки објекти за да се потврди автентичноста на инцидентите кои се случувале 2004 и 2015 година .

На видата се гледаат неидентификувани летечки објекти кои се движат додека се снимани од инфрацрвени камери. Двете од видеата содржат и реакции од луѓе кои коментираат колку брзо објектите се движат. Еден глас вели и дека може да биде дрон.

Морнарицата претходно ја потврди веродостојноста на видеата во септември минатата година. Тие сега и официјално ги објавуваат, „со цел да се расчистат какви било погрешни сфаќања од страна на јавноста за тоа дали снимките што кружат биле реални, или дали можеби има нешто повеќе од тоа“, вели портпаролот на Пентагон Сју Гоф.

„После темелно разгледување, департментот одлучи дека официјалното објавување на овие снимки не открива никакви чувствителни способности на системот“, вели Гоф во соопштението, „ И не влијае врз било какви последователни истраги за воени упади во воздушниот простор од неидентификувани летечки објекти“.

Морнарицата сега има упатста за тоа како пилотите можат да пријават кога веруваат дека виделе можни НЛОа.

Видеата од Морнарицата се прво објавени помеѓу Декември 2017 и Март 2018 година од страна на „To The Stars Academy of Arts & Sciences“, компанија која е основана од поранешниот музичар на „Blink-182“ Том ДеЛонг кој вели дека ги проучува информациите за неидентификуваните летечки феномени.

Во 2017, еден од пилотите што видел еден од неидетификуваните летечки објекти во 2004 година, изјавил за „Си-Ен-Ен дека се движел на необичнио начини кои не можел да ги објасни.

„Како што се приближував то тоа... почна да забрзува кон југ и исчезна за помалку од две секунди, вели пензионираниот пилот на воената морнарица на САД , Дејвид Фравор.

Пентагон и претходно има проучувано снимки од воздушни средби со непознати објекти како дел од класифицирана програма која била започната по налог на поранешниот сенатор Хари Рид од Невада. Програмата била лансирана во 2007 година и завршила во 2012, според Пентагон програмата е прекината поради други повисоки приоритети за кои било потребно финансирање.

И покрај тоа, Луис Елизано, поранешниот шеф на оваа класифицирана програма, за „Си-Ен-Ен“ во 2017 изјавил дека тој лично верува дека „има многу убедливи докази дека можеби не сме сами“.

„Овие авиони (да ги наречеме авиони) покажуваат карактеристики кои моментално кои ниту САД а ниту други странски земји ги немаат, колку што сме запознаени“, рекол Елизандо за предметите што ги истражувале. Тој рекол дека поднел оставка од Одделот за одбрана во 2017 година во знак на протест поради тајноста на програмата и спротивставувањата за финансирање на истата.

Реид денес на твитер објави дека му е „драго“ што Пентагонофицијално ги објави видеата, но дека „тоа само ја гребе површината на истражувањата и достапните материјали. Американците треба да направат сериозен, научен поглед на ова и какви било потенцијални импликации врз националната безбедност“.

Отвореното студио на Канал 5: Централно прашање е колку победници има во Макеоднија?

Горан Момироски во отвореното студио на Канал 5 нагласи дека централно прашање на овие избори е колку победници има во Макеоднија?

Тој додава дека Македонија има еден победник на изборите, и дека една од политичките партии нема да го прифати поразот.

Естонија забрани руски симболи на Денот на победата, 9 мај

Естонската полиција забрани јавни собири со употреба на забранети симболи или изрази на поддршка за Руската Федерација на 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата во Втората светска војна.

Според естонскиот јавен сервис ЕПП, полицијата нема да регистрира јавни собири доколку има причина да се верува дека на собирот ќе бидат истакнати руски симболи и на тој начин ќе поттикнат конфликти.

„Полицијата не забранува комеморација на загинатите, но поддршката за агресија е забранета. Затоа се забранети јавни собири, маршеви и други собири на луѓе кои користат забранети симболи или изразуваат поддршка за воените злосторства на Русија“, рече шефот на полицискиот оддел на градот Нарва, Индрек Пуви.

На 9 мај полицијата ќе биде присутна на воените гробишта во Талин, а припадниците на безбедносните сили на главниот град на Естонија порачаа дека комеморацијата за жртвите треба „да се одвива мирно, достоинствено и со почит“.

Тие ги повикаа граѓаните да не носат знамиња или симболи кои укажуваат на поддршка за Руската Федерација.

Министерството за државна безбедност (ДСБ) на Литванија не ја исклучува можноста за провокации од страна на Руската Федерација на 9 мај во таа земја, а латвиската полиција најави дека ќе биде подготвена за немири, пренесува European Justice.

Молдавија предупреди дека лицата кои носат грузиска лента или знаците „З“ и „В“, руски симболи за време на војната во Украина, на 9 мај ќе бидат казнети.

Хрватска доби нова влада- се договорија ХДЗ и „Домовински покрет“

Денеска продолжија преговорите меѓу ХДЗ и Домовински покрет (ДП) за составот на хрватската влада, а завршија со договор.

На средбата на преговарачките тимови на Хрватската демократска заедница и на Домовински покрет е постигнат договор за формирање на ново парламентарно мнозинство, како и за структурата на идната влада, потврди владиниот портпарол Марко Милиќ.

Во просториите на Домовински покрет за медиумите изјави Иван Пенава, претседателот на Домовински покрет.

„Постигнавме договор за парламентарното мнозинство и за формирање на идната влада. Договорот се базира на ДП, ХДЗ, малцинствата и партнерите. Што се однесува до ресорите кои се втор чекор за нас по формирањето на мнозинството, ние сме зборувајќи за три клучни ресори“, рече Иван Пенава.

„Се договоривме за Министерството за демографија и имиграција, Министерството за земјоделство. Сигурни сме дека ќе успееме да го доведеме овој проблем на задоволително ново ниво преку јасни бројки за зголемувањето на производството. Третиот оддел со кој управувавме е Министерството за економија“, рече тој и додаде:

„Договорена е и квота што ќе се применува преку други владини структури. Првиот чекор е собирање потписи за формирање парламентарно мнозинство. Договорот е да поддржиме кандидат за премиер од редовите на ХДЗ, додека ДП ќе има потпретседател на парламентот“, рече тој.

„Договоривме двајца вицепремиери, сè уште не го дефиниравме државниот секретар, но зборуваме за 9, 10, 11, 12 луѓе. Ќе можеме да разговараме за деталите кога ќе навлеземе подлабоко во архитектурата на самата влада во однос на бројот на министерства и сл.“.

Пенава потврди дека ќе остане градоначалник на Вуковар, барем до крајот на мандатот.

„Зборуваме за другите, за никого не можам ништо да гарантирам или потврдам. Сето тоа е уште во фаза на договор. Подоцна ќе го имаме Претседателството во живо, ја завршивме телефонската седница. Имињата ќе дојдат наскоро. Ќе се обидеме да имаме неколку кандидати за сите позиции, добро ги филтрираме...“

притисни ентер