Пендаровски за „Етнос": Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа

Надеж дека Европскиот совет ќе даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со унијата, изразува претседателот Стево Пендаровски во изјавата за грчкиот весник „Етнос".

Во текстот под наслов: „Стево Пендаровски за Етнос: Време е Европа да нѐ награди", грчкиот весник ја пренесува изјавата на претседателот, како во однос на ЕУ и европската перспектива на земјата, така и во однос на Договорот од Преспа.

– Искрено се надевам и очекувам дека ќе има позитивна одлука од Европскиот совет за да може Северна Македонија да ги започне претпристапните разговори, за во следниот период да стане членка на ЕУ. Тоа ќе биде одлука што ја сметаме за достојна, но е и признание за сите напори што ги направи земјата во последните години, како во спроведување на внатрешните реформи, така и со решавањето на долгогодишното прашање за името со Грција, стигнувајќи до историска одлука што го отвори патот за заедничка европска иднина и на двете земји, вели претседателот Пендаровски.

Шефот на државата истакнува дека двете соседни земји како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогне во безбедноста и стабилноста на регионот, а говори и за Договорот од Преспа и позитивните резултати и новото поглавје во билатералните односи.

– Но, најважно од сѐ е дека се отвори пат за силен билатерален однос, зајакнувајќи ја врската како на политичко, економско и одбранбено ниво, така и меѓу луѓето и културните соработки. Северна Македонија и Грција се соседи долго време, а сега имаат можност да станат партнери во рамките на ЕУ. Процесот на преговори, им дава значителни можности на земјите да разменат знаење, добри практики и искуства од процесот на пристапување во ЕУ. Како членки на ЕУ, слободното движење на лица, добра и услуги ќе овозможи поотворена област што ќе донесе просперитет како за Северна Македонија, така и за Грција како дел од истиот европски регион. Како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогнат во безбедноста и стабилноста на овој регион, вели претседателот Пендаровски за „Етнос". /MИА

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

притисни ентер